Вести:
You are here: Почетна|Медиа Центар|Вести|Одржан е инфо брифингот за четвртата НАТО студентска симулација
Одржан е инфо брифингот за четвртата НАТО студентска симулација PDF Печати Е-пошта
Петок, 22 Март 2013 19:07

Имајќи во предвид дека студентските симулации и сите настаните од ваков тип во државата се покажа како мошне успешни и интересни за студентите, Евро-Атлантскиот Совет на Македонија на 28 март 2013 година, ќе организира студентска конференција на тема:

НАТО и партнер земјите - идни предизвици и што понатаму?!
(NATO and partner countries - future challenges and what to expect ?!).

Самата конференција ќе претставува младински самит на кој ќе се симулира состанок на Северноатлантскиот Совет на ниво на шефови на држави и ќе се разгледува прашањето за соработката со партнер земјите и идните предизвици. Настанот е од високо едукативен карактер затоа што им овозможува на студентите одблиску и подлабоко да се запознаат со прашањата на НАТО, безбедноста и меѓународната политика, овојпат со посебен осврт на соработката на НАТО Алијансата со земјите партнери.



За таа цел, на 21.03.2013  година (четврток), Младината на Евро- Атланскиот Совет на Република Македонија во домот на Армијата на Република Македонија одржа информативен брифинг за учесниците на овогодинешната студентска симулација.

За време на брифингот Претседателот на Младината на Евро- Атланскиот Совет на  Македонија, г-дин Илија Џугуманов имаше обраќање кон учесниците и го објасни принципот на функционирање на симулацијата, искуствата од претходните три симулации организирани од ЕАСМ, како и важноста да се учествува настани од ваков голем едукативен карактер.



Како и секоја година и оваа година на НАТО студентската симулација ќе има многу новини кои за првпат ќе бидат имплементирани на една симулација во Република Македонија. Скајп конференциите и преносот во живо ќе бидат уште поголем предизвик за студентите.
По доделувањето материјалите за подготовка, по случаен избор беа извлечени улогите за учество во симулацијата и им беше посакана успешна подготовка на учесниците за престојниот настан.


Настанот е поддржан од НАТО секторот за јавна дипломатија.


Евро – Атлантски Совет на Македонија

 

Публикации