| Делегација од ЕАСМ на пролетниот состанок на Советот на АТА, 19 – 20 јуни 2012 |
|
|
|
| Понеделник, 25 Јуни 2012 18:01 |
|
Светската Атлантска Асоцијација (АТА) го одржa својот редовен пролетен состанок на Советот на АТA во периодот од 19-20 јуни 2012 година во Брисел. Делегацијата на Евро – Атлантскиот Совет на Македонија (ЕАСМ) ја предводеше претседателот на ЕАСМ и потпретседател на АТА, г-дин Лазар Еленовски. Првиот ден беше одржан официјалниот дел од пролетниот состанок на Советот на АТА во седиштето на Светската Атлантска Асоцијација. Главни теми на овој Совет на АТА беа: НАТО и иднината на Авганистан, партнерствата на НАТО, одбранбените можности, НАТО силите во 2020 година, предизвиците на јавната дипломатија по Самитот во Чикаго, изгледот на интернационалната безбедност во 21 век. Вечерта беше одржана Гала вечера во присуство на Помошник генералниот секретар на НАТО за Јавна Дипломатија, г-ѓа Колинда Грабар Китарович.
Вториот ден на состанокот беше одржан во седиштето на НАТО во Брисел, каде што претставниците на АТА и JATA има брифинг со Генералниот секретар на Алијансата, г-дин Андерс Фог Расмусен. За време на состанокот на Советот на АТА, г-дин Лазар Еленовски ги презентираше извештaитe за работните групи за Социјалната мрежа на АТА и Smart Defence иницијативата на АТА. Двата извештаи беа едногласно одобрени за одобрени за натамошен развој. Исто така, почнувајќи од 17 до 20 јуни 2012, Младинската Светска Атлантска Асоцијација (ЈATA) го оддржа својот Семинар за лидерство и менаџмент. Младите претставници потоа се приклучија на Советот на АТА, пришто претседателот на ЈАТА Македонија, г-дин Илија Џугуманов го презентираше концептот за креирање на работна група на ЈАТА за Југоисточна Европа, која исто така беше позитивно прифатена од присутните делегати.
|

























