|
Во насока на важноста на имплементацијата на резолуцијата UNSCR 1325 и глобалната дебата за родовата димензија и безбедноста, Евро – Атлантскиот Совет на Македонија (ЕАСМ) се приклучи на глобалната дискусија за важноста на имплементацијата на UNSCR 1325 и мерките за ефективно спроведување.
Во втората половина на 2011 година, ЕАСМ работеше на проект на имплементацијата на оваа важна резолуција во Македонија, во НАТО и ООН рамки и исто така со некои земји од регионот како Албанија, Босна и Херцеговина и Бугарија. Крајниот резултат на проектот и на истражувањето треба да биде извештај со проценка на комплетираните напори и препораки за идни акции. Извештајот треба да служи како алатка за да се подигне свеста за важноста на овој процес.
ЕАСМ во соработка со НАТО секторот за јавна дипломатија и амбасадата на Кралството Норвешка организира еднодневна регионална конференција каде финалните заклучоци и препораки ќе бидат презентирани.
Конференцијата ќе биде одржана на 14.02.2012 вo хотел Stone Bridge во Скопје, насловена како “Цели на Резолуција на ОН 1325 – Степен на остварливост”.
ПРОГРАМА
UNSCR 1325 цели- степен на достигнување
14 февруари 2012 година, Хотел Стоунбриџ, Скопје
|
09.30 – 10.00
|
Пристигнување на учесниците и регистрација
|
|
10.00 – 11.15
|
Официјално отворање на конференцијата
Поздравен говор:
- Г-дин Лазар Еленовски, Претседател на Евро- Атлантскиот Совет на Македонија
- Н.Е. Кјатил Паулсен, Амбасадор на Кралството Норвешка
Главен говор:
- Др. Стефани Бабст, Заменик на помошник Генерален сектетар за јавна дипломатија, НАТО
Говори:
- Г-ѓа Августина Цветкова, Заменик министер за одбрана на Република Бугарија
|
|
11.15 – 11.30
|
Кафе пауза
|
|
11.30 – 12.30
|
Втора сесија: Регионален аспект на UNSCR 1325
Модератор: Г-ѓа Даниела Димитриевска, Mакедонско женско лоби, член на претседателство на ЕАСМ
- Г-ѓа Ратела Аслани, Атлантски Совет на Албанија
- Г-ѓа Анкица Томич, Шеф на оддел за интернационална соработка, Министерство за безбедност, БиХ
|
|
12.30 - 13.00
|
Кафе пауза
|
|
13.00 – 14.00
|
Трета сесија: UNSCR1325 во национален контекст
- Г-дин Исмет Рамадани, Потпретседател на ЕАСМ
- Г-ѓа Елена Грозданова, Државен советник во секторот за родова рамноправност, Министерството за труд и социјална политика
- Г-ѓа Доминика Стојаноска, Шеф на канцеларија, UN Women
- Капетан Елисавета Здравеска, претставник од АРМ, Министерство за одбрана
|
|