Вести:
You are here: Почетна|Медиа Центар|Вести|Изјава на Генералниот Секретар на НАТО за ракетната одбрана
Изјава на Генералниот Секретар на НАТО за ракетната одбрана PDF Печати Е-пошта
Четврток, 24 Ноември 2011 16:50

Ја зедов предвид изјавата на претседателот Медведев за ракетната одбрана. Ракетниот одбранбен систем на НАТО, кој лидерите на НАТО државите за време на минатогодишниот Лисабонски самит се согласија да го развиваат, е дизајниран за одбрана од закани кои доаѓаат надвро од Европа и не е дизајниран да ја промени рамнотежата во системот на одвраќање.

Добредојдена е војлата на Претседателот Медведев да не се затвори вратата на контиуираниот дијалог со НАТО и со САД за ракетната одбрана и да се разгледа практична соработка во оваа област. Минатата година, лидерите на НАТО државите одлучија да ја поканат Русија за да ја дискутираат можноста за соработка со нас и да се развива НАТО – Русија релацијата во стратегиско партнерство. Таа покана сеуште стои.

Сугестијата дека распоредувањето на проектили во околини кои граничат со Алијансата како соодветен одговор на НАТО системот е многу разочарувачка. Такво распоредување ќе биде потсетување на минатото и е неконзитентост со стратешките релации кои НАТО и Русија ги договорија и со духот на дијалогот, вклучувајќи ги проблемите со ракетната одбрана кои моментално постојат.

Сорабтка на ракетната одбрана јасно ќе покаже дека НАТО и Русија можат да градат безбедност заедно, а не едни против други. Тоа ќе ни дозволи да се справиме со новите закани и со старите сомневања во исто време. Ќе покаже дека соработка, не конфронтација е патот напред.

 

Публикации