| Делегација од ЈАТА Македонија во посета на Седиштето на НАТО во Брисел |
|
|
|
| Петок, 12 Мај 2017 13:09 |
|
Од 8ми до 10ти мај 2017, двајца претставници од ЈАТА Македонија, г-дин Илија Џугуманов, Претседател на ЈАТА и г-ца Дина Арнаут, Координатор за Социјални Медиуми, го посетија Брисел како дел од Тренингот за Социјални Медиуми во Седиштето на НАТО, организиран од страна на Асоцијацијата на Атлантскиот Договор, во соработка со Секторот за Јавна Дипломатија на НАТО. Целта на посетата беше градење на капацитет помеѓу членовите во АТА/ЈАТА мрежата на Балканот во нивниот опсег на социјални медиуми, зајакнување на соработката помеѓу учесниците и зацврстување на врската помеѓу АТА/ЈАТА и НАТО. АГЕНДА 08МАЈ2017 Пристигнување во Брисел 2200 - 2300 Дебрифинг со сите учесници во Седиштето на АТА 09МАЈ2017 0810 - 0830 Организиран превоз до седиштето на НАТО 0930 - 1030 сесија 1: Преглед на НАТО и Сегашната Политичка Агенда на НАТО, Г-дин Зсолт РАБАИ, Службеник на Програмата за Франција, Унгарија и Западен Балкан (Босна и Херцеговина, Косово и Македонија), Секција за Ангажмани, Дивизија за Јавна Дипломатија 1045 - 1145 сесија 2: НАТО Партнерства - Проектирање на Стабилност со специјален фокус на Западен Балкан, Г-ѓа Тања ХАРТМАН, Канцеларија за Евро - Атлантски и Глобални Партнерства, Дивизија за Политички Прашања и Безбедносна Политика 1145 - 1230 сесија 3: Факти и Фалсификати - Комуникација во ерата на информатичко војување, Г-ѓа Герлинде НИЕХУС, Шеф, Секција за Ангажмани, Дивизија за Јавна Дипломатија 1230 - 1400 ручек во трпезаријата на Генералниот Секретар на НАТО 1400 - 1430 сесија 4: Дигиталниот Опсег на НАТО и Изградба на Он-лајн Технологија, Г-дин Паул МАГИС, Шеф, Центар за Комуникациски Технологии, Дивизија за Јавна Дипломатија 1430 - 1600 сесија 5: Социјалните Медиуми на НАТО: Најдобри Начини за Создавање Содржини и Менаџирање на Профилите, Г-дин Аксел ДЕ МИЛ, Координатор за Социјали Медиуми и Г-ѓа Анна КОЛАКОВСКА, Координатор за Дигитална Мултимедија, НАТО Он-лајн Дивизија за Јавна Дипломатија 1615 - 1715 сесија 6: Дигитален Преглед на НАТО: Мониторинг и Проценка, Г-дин Френки САЕГЕРМАН, Шеф, Дигитални Увиди, Дивизија за Јавна Дипломатија 1730 Заминување во хотел 1800 - 1900 Дебрифинг во Седиштето на АТА 10MАЈ2017 Крај на Програмата и заминување Оваа посета е втора од ваков вид, каде што лидерите на ЈАТА Македонија имаа можност да добијат нови информации и вести за агендата на НАТО, од страна на официјални претставници, информации во врска со тоа како да се охрабри поголемо вклучување на младите во ЈАТА и за тоа како да се постигне подобар дигитален опсег на Каналите на АТА Македонија. |





















