Вести:
You are here: Почетна|Медиа Центар|Вести|АТА Македонија на средба со Д-р Зоран Јолевски, министер за одбрана на Република Македонија
АТА Македонија на средба со Д-р Зоран Јолевски, министер за одбрана на Република Македонија PDF Печати Е-пошта
Вторник, 17 Февруари 2015 17:41

На 17.02.2015 година (вторник) со почеток во 11:00 часот, делегација на Евро-Атлантскиот Совет на Македонија (АТА Македонија) предводена од претседателот г-дин Исмет Рамадани оствари средба со министерот за одбрана на Република Македонија, Д-р Зоран Јолевски.

foto1-311-logo en

Најпрво на средбата беше изразено огромно задоволство за досегашната успешна соработка помеѓу двата субјекта, која во минатиот период даде огромен бенефит за Република Македонија. При тоа, взаемно беше истакнат интересот за натамошно севкупно продлабочување и унапредување на соработката во повеќе области од взаемен интерес.

Главно целта на посетата беше изворно запознавање на министерството за одбрана на Република Македонија, за можноста за организирање на Генералното собрание на Светската Атлантска Асоцијација токму во Република Македонија. Имајќи во предвид дека станува збор за најголемиот годишен настан на Светската Атлантска Асоцијација, ова претсавува одлична прилика и признание за АТА Македонија, а крајниот бенефит ќе биде директно за нашата земја.

Со оглед на фактот дека евро-атлантската интеграција на земјата е прашање од највисок стратешки приоритет, д-р Јолевски како поранешен член на раководството на АТА Македонија истакна огромно задоволство за можноста и ја даде целосната подршка од страна на министерството за одбрана на Република Македонија.

Уште повеќе, иако не сме земја членка на НАТО, д-р Јолевски ја истакна заложбата младите да имаат можност на учествуваат на идните НАТО самити.
Покрај другото, на средбата беа истакнати заложбите кои двете страни ги прават во насока на интегрирање на земјата во полноправно членство во НАТО и во Европската Унија. Беше посебно нагласено дека членството на нашата држава во овие структури останува врвен приоритет.  

Во составот на делегацијата на АТА Македонија, покрај претседателот Рамадани беа и г-дин Сеад Кочан, г-дин Тоше Коцевски и г-дин Илија Џугуманов, членови на Бизнис клубот/Претседателството на Евро-Атлантскиот Совет на Македонија.





 

Публикации