| Состанок на Советот на АТА/2BS Форум 2016 |
|
|
|
| Среда, 11 Мај 2016 12:55 |
|
Во периодот од 04 до 06 мај 2016 година, делегација на АТА Македонија, учествуваше на шестиот безбедносен форум во Будва, Црна Гора со наслов: " Глобалната безбедност во прашање - предизвици и одговори", кој обединува околу 400 високи претставници, истакнати научници, експерти од областа на безбедносната политика, новинари и млади луѓе од целиот свет. 2БС Форумот е годишна конференција на високо ниво за справување со глобалните, трансатлантски прашања, како и прашања во Југоисточна Европа. Организатор на 2БС Форумот е Атлантскиот Совет на Црна Гора, а под покровителство на Владата на Црна Гора, додека традиционални партнери на Форумот се НАТО и Амбасадата на САД во Подгорица. И оваа година, форумот обедини голем број видни гости и говорници, како што се министри и амбасадори од регионот, меѓу другите, H.E. Филип Вујановиќ, Претседател на Црна Гора, H.E. Д-р Милица Пејановиќ-Ѓуришиќ, Министерка за одбрана на Црна Гора, H.E. Г-ѓа Колинда Грабар-Китаровиќ, Претседател на Република Хрватска, г-дин Џејсон Вајсман, Генерален Секретар на Светската АТА, д-р Валбона Зенели, Директор на Европскиот центар за безбедносни студии - Џорџ Маршал и многу други. |

























