| Конференцијата во Рига 2013 и Форумот за млади дипломати |
|
|
|
| Среда, 11 Септември 2013 11:48 |
|
По 8ми пат, Рига беше местото за водечкиот форум во Северна Европа за меѓународни односи и безбедносни политики, Конференцијата во Рига 2013.
Креирањето на вистинската околина за оддржување и зајакнување на Транс – Атлантскиот просперитет преку употребата на заедничките вредности е вистинскиот пат да се поправи нерамнотежата и со тоа да се зајакнат одбранбените капацитети. Сето споменато беше суштината на Конференцијата во Рига 2013. 2 дена, 6 панели, 3 ноќни сесии, неколку неформални приеми се само дел од она што беше одработено на овогодинешната Конференција во Рига, настан за истакнати носители на одлуки од целиот свет каде што може да бараат оддржливи решенија за новите глобални проблеми.
Долгата листа на истакнати говорници на Конференцијата во Рига 2013 сведочи за важноста на конференцијата и нејзиното меѓународно признание како високо рангиран настан во трансатлантскиот безбедносен календар. Некои од говорниците беа: Томас Хендрик Илвес, Претседател на Естонија, Валдис Домбровскис, Премиер на Летонија, Бидзина Иванишвили, Премиер на Грузија, Питер Де Крем, Заменик премиер и Министер за одбрана на Белгија, Карл Билдт, Министер за надворешни работи на Шведска, Јулијан Гроза, Заменик министер за надворешни работи и европска интеграција на Молдавија, Алена Купчина, Заменик министер за надворешни работи на Белорусија, Колинда Грабар – Китарович, Асистент на генералниот секретар на НАТО за јавна дипломатија, Филип Хамонд, Државен секретар за одбрана на Велика Британија, Елена Бриан, Висок претставник за трговија во мисијата на САД во ЕУ, Генерал Давид Р. Хог, претставник на САД во НАТО, итн.
Форумот за Млади дипломати (Young Diplomacy Professionals Forum) за млади професионалци и идни лидери беше организиран, вклучувајќи ги во дебати и дискусии во Конференцијата во Рига 2013 низ сеопфатни паралелени дискусии за најважните прашања од регионалната и глобалната безбедносна и меѓународна агенда, во работлници и дебати со искусни лидери. Овогодинешниот форум собра 60 учесници од 30 држави.
Настанот беше организиран заеднички од Летонската трансатлантска организација, летонското министерство за одбрана и министерството за надворешни работи на Република Летонија и понуди уникатна можност за конструктивен дијалог за интернационалните безбедносни проблеми помеѓу водечките глобални лидери. |



























