Вести:
You are here: Почетна|Медиа Центар|Вести|ЈАТА Македонија на NORSEC 2013
ЈАТА Македонија на NORSEC 2013 PDF Печати Е-пошта
Среда, 17 Април 2013 11:37

Претставниците на ЈАТА Македонија, Илија Џугуманов и Јордан Тасев учествуваа на овогодинешната конференција за Нордиска безебедност – NORSEC 2013, од 11 до 14 април 2013 година во Осло, Норвешка. Оваа конференција беше наменета за младите поширокиот атлантски регион, главно за ЈАТА националните организации.

3

Конференцијата имаше цел да фрли светло на некои од најважните прашања во нордиската сфера на безбедност и одбрана. Прашањата кои беа покренати не беа лесно одговорени, но низ предавања и дебати целта беше постигната.

Настанот имаше голем диверзитет на учесници од Канда и САД до Азербејџан. Присуството на ЈАТА делегатите беше добро комплементирано и со учеството на кадетите на норвешката воена академија.

1

Главни теми на коференцијата беа: “Стратегија на малите земји”, “Северот: безбедносните перспективи од не – нордиските играчи” и “Области на меѓувладина соработка – перспективи на партнерството и суверенитетот”. Говорници на оваа конференција беа претставници од норвешкото министерство за одбрана, норвешката воена академија, шведскиот национален колеџ за одбрана, лондонската школа за економски и политички науки, норвешкиот естаблишмент за одбранбени истражувања, норвешкиот институт за одбранбени студии, ЕУ мисијата во Норвешка.

2

4

6

7

8

 

 

Публикации