Вести:
You are here: Почетна|Медиа Центар|Вести|Влијанието на евро – атлантските интеграции врз економијата во Република Македонија
Влијанието на евро – атлантските интеграции врз економијата во Република Македонија PDF Печати Е-пошта
Петок, 05 Април 2013 13:26

 Како дел од НАТО неделата, Евро – Атлантскиот Совет на Македонија во соработка со Стопанска комора на Македонија и факултетот за безбедност – Скопје организираа еднодневна научно – стручна со насловвлијанието на евро – атлантските интеграции врз економијата во Република Македонија.

IMG 5406

Оваа конференција имаше сеопфатен пристап на темата за што најдобар показател беше различниот спектар на учесници.

 Говорници на отворањето беа:

    • Г-дин Исмет Рамадани, потпретседател на Евро – Атлантскиот Совет на Македонија
    • Н.Е. д-р Фатмир Бесими, вицепремиер за евроинтеграции
    • Н.Е. Ваљон Сараќини, министер за економија
    • Д-р Сашо Стефаносвски, државен секретар во министерството за одбрана
    • Д-р Горан Рафајловски, потпретседател на стопанска комора на Македонија

IMG 5490Г-дин Рамадани ја модерираше сесијата и за време на неговиот говор уште еднаш ја реафирмираше важноста на интеграцијата на Република Македонија во евро – атлантската фамилија.

Вицепремиерот за евроинтеграции, д-р Фатмир Бесими го потврди мирот кој што е постигнат во регионот, но нагласи дека овој мир е единствено одржлив со силна економоска основа.

Г-дин Ваљон Сараќини, министерот за економија на Република Македонија искажа дека влијанието на евро – атлантските интеграции врз економија во Македонија е повеќеслојно, бидејќи интеграцијата во НАТО и ЕУ ќе донесе отрстранување на постојаните пречки, подигање на меѓународниот рејтинг на државата кој ќе донесе можности за финансиска помош по поволни услови од меѓународните финансиски организации и ќе го зголеми обемот на домашно производство и вработувања.

IMG 5596

 Државниот секретар во министерството за одбрана, Сашо Стефановски оцени дека безбедноста и стабилноста претставуваат примарни предуслови за поголем економски раст и за позитивна инвестициона клима. Притоа додаде дека Македонија е подготвена за преземање на одговорностите и обврските кои се дел од членството во НАТО уште од 2008 година, но оти единствената пречка е ирационалниот спор за името со јужниот сосед.

 Д-р Горан Рафајловски како претставник на бизнис секторот нагласи дека нема подобро нешто од отворање на границите за бизнисот. Република Македонија е мал пазар така што НАТО Алијансата ни отвора многу порти, не само странски инвестиции и зголемување на капиталот и вредноста на тукашните инвестиции, туку ни овозможува и на нас бизнисмените да ни се отворат вратите да дејствуваме надвор од државата.

IMG 5571

На следните сесии имаше многу различни говорници како што се:

    • Н.Е. Роберт Кирнаг, словачкиот амбасадор во Република Македонија
    • Пол. Љубе Дукоски, државен советник во министерството за одбрана
    • М-р Марјан Ѓуровски, факултет за безбедност
    • Доц. д-р Методи Хаџи Јанев, воена академија, ЕАСМ
    • Г-дин Горан Марковски, извршен директор на КБ Публикум Инвест – Скопје
    • Проф. д-р Трајан Гоцевски, филозофски факултет
    • Г-дин Кире Наумов
    • Д-р Зоран Колев
    • Проф. д-р Цане Мојаноски, факултет за безбедност
    • Проф. д-р Снежана Мојсоска, факултет за безбедност
    • Проф. д-р Марина Малиш Саздовска, факултет за безбедност

Оваа научно стручна конференција исто така беше пренесувана во живо на социјалната мрежа – Атлантика!

IMG 5415

IMG 5443

IMG 5419

 

Публикации