Вести:
You are here: Почетна|Медиа Центар|Вести|Алианте 2013
Алианте 2013 PDF Печати Е-пошта
Четврток, 14 Март 2013 13:41



Евро-Атлантскиот Совет на Македонија како партнер организација има чест за прв пат во нашата земја да Ви го претстави проектот Алианте 2013, уникатен натпревар со меѓународни димензии.

Алианте е натпревар за тимови составени од два члена, за ученици и студенти од 15 до 19 годишна возраст. Неговата цел е да се подигне свесноста и знаењето на учениците за историја, географија, политика и пред се безбедносни прашања, како и за прашања поврзани со Северно-Атланската Алијанса.

Подлабок увид во овие области им овозможува подобро разбирање на актуелни теми и ги учи подобро да ги наоѓаат врските помеѓу одредени настани. Исто така, уникатниот концепт на Алианте им овозможува да ја испитаат својата  физичка и психичка издржливост во предизвикувачки услови, да запознаваат луѓе со слични интереси од различни земји, но нуди и можност за едно незаборавно патување. Сепак, сите учесници на Алианте ќе имаат лични придобивки преку проширувањето на нивните знаења и стекнување познанства со ученици од различни земји кои имаат слични интереси со нив. Ова е главната награда која ќе им помогне во понатамошното образование и подоцна во градењето на сопствени кариери.

Од што се состои натпреварувањето?

Учесниците треба да го покажат своето знаење во три круга за да се изборат за незаборавното патување. Првиот круг е само “загревање” – потребно е да одговорите точно на 15 од 20 поставени прашања каде од 4 можни опции, само една е точна. Со вториот круг исто така се оценува знаењето, но тоа оди во детали и бара сеопфатна потрага од соодветни извори. Се состои од 35 прашања за историја, меѓународни односи, географија и прашања за структурата и функционирањето на НАТО. Најдобрите тимови од секоја држава ќе учествуваат на меѓународното финале во Шведска. Победниците на големото финале ги очекува патување во Турција.

Пријавувањето започнува на 18 март 2013 (понеделник) !

Регистрација и повеќе информации на официјалната страна на проектот www.project-aliante.org и на страната на Евро-Атлантскиот Совет на Македонија atamacedonia.org.mk

 

 

 

Публикации