| Регионалната конференција успешно заврши. Пост ИСАФ ангажманот влегува во финална фаза |
|
|
|
| Четврток, 13 Декември 2012 20:41 |
|
Регионалната конференција со наслов “Регионален Пост – ИСАФ ангажман – научени лекции и наследство за А- 5 земјите за идните експедициони мисии“ беше успешно затворена на 13.12 2012 година (четврток).
На конференцијата имаше учесници од НАТО, Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Србија. Поради временските неприлики претставникот од Црна Гора не беше во можност да присуствува, но тие го дадоа својот допринос преку својот труд подготвен за учество на конференцијата.
Овие факти беа темелот на целата конференција. Вториот ден се одржаа презентации на шефот на НАТО канцеларијата во Република Македонија, пол. Александар Александров, продеканот на воената академија “Генерал Михајло Аостолски”, пол Славко Ангелевски, др. Јадранка Дујич Фрлан од Атлантскиот Совет на Хрватска, г-дин Борис Вицулин од Атлантскиот Совет на Србија и потполковникот Маријанчо Митровски од АРМ.
|


























