Вести:
You are here: Почетна|Медиа Центар|Вести|Претседателот на ЕАСМ, Лазар Еленовски на средба со амбасадор на Кралството Холандија во Република Македонија, Мариет Шурман
Претседателот на ЕАСМ, Лазар Еленовски на средба со амбасадор на Кралството Холандија во Република Македонија, Мариет Шурман PDF Печати Е-пошта
Петок, 09 Септември 2011 12:11

Претседателот на Евро-Атлантски Совет на Македонија, Лазар Еленовски оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Кралството Холандија во Република Македонија, Мариет Шурман.

На самиот почеток од средбата, Еленовски ја поздрави одлуката за именување, ја потенцираше досегашната продуктивна соработка на ЕАСМ со амбасадата на Кралството Холандија и изрази уверување за идна соработка, заедно со НАТО Секторот за Јавна дипломатија, креирајќи и развивајќи добра мрежа.

На средбата особено стана збор за улогата на Евро-Атланскиот Совет на Македонија и креирањето на позитивно јавно мислење во однос на улогата на НАТО, разновидните проекти кои беа реализирани во минатото, но и оние кои ќе следат. Покрај тоа, стана збор и за буџетот во одбраната, важнста на регионалната соработка, ситуациијата во Африка, но и за „smart defense“ концептот, со што би имале мобилна армија која ќе троши помалку.

 

 

Публикации