| Oнлајн анкета – прашалник |
|
|
|
| Понеделник, 13 Февруари 2017 09:05 |
|
Евро-Атлантскиот Совет на Македонијa започна со нов истражувачки проект поддржан од програмата CIVICA MOBILITAS на тема: "Зајакнување на младинскиот дијалог за промоција на демократските процеси во духот на Евро-Атланските интеграции". За таа цел, ЕАСМ изготви онлајн анкета – прашалник со цел да извлече директни информации од целните групи за нивните погледи, ставови и перцепции во однос на нивната вклученост и ангажираност во демократските процеси во Македонија, како и да го испита нивото на свесност кај младите за придобивките кои би ги имале од активната инволвираност во Евро-Атлантските интегративни процеси. Ќе ни претставува чест доколку одвоите минута од вашето време и дадете придонес за ова истражување. Прашалникот ќе можете да го најдете и пополните на следниов линк: Вашиот придонес е од особена важност за успешна реализација на проектот и истражувањето. Затоа, однапред ви благодариме за вашиот фидбек. |






















