|
Во периодот од 04 до 6 јуни 2015 година, делегација на АТА Македонија, учествуваше на петтиот безбедносен форум во Будва, со наслов "Идните перспективи на глобалната архитектура на безбедност", кој се обедини околу 400 високи претставници, истакнати научници, експерти од областа на безбедносната политика, новинари и млади луѓе од целиот свет.

Главни теми на овогодинешниот 2БС Форум беа: интеграција на земјите од Западен Балкан преку проширувањето на НАТО, НАТО-Русија партнерство, странски борци како растечката закана, кризата во Украина, новите терористички закани, како и заканите за европската безбедност.

Делегацијата на Евро-Атлантскиот Совет на Македонија (АТА Македонија) беше во состав: г-дин Исмет Рамадани, претседател на Евро - Атлантскиот Совет на Македонија, г-дин Илија Џугуманов, член на претседателството на Евро - Атлантскиот Совет на Македонија/претседател на YATA Македонија и г-дин Сеад Кочан и Тоше Коцевски, членови на бизнис клубот на Евро - Атлантскиот Совет на Македонија. Претставници од YATA Македонија беа г-дин Илија Ќироски и г-дин Фисник Мехмети.

2БС Форумот е годишна конференција на високо ниво за справување со глобалните, трансатлантски прашања, како и прашања во Југоисточна Европа. Организатор на 2БС Форумот е Атлантскиот Совет на Црна Гора, а под покровителство на Владата на Црна Гора, додека традиционалните партнери на Форумот се НАТО и Амбасадата на САД во Подгорица. Форумот беше официјално отворен од страна на д-р Саво Кентера, претседател на Атлантскиот Совет на Црна Гора, г-дин Тед Вајтсајд, помошник генералниот секретар за јавна дипломатија на НАТО, Н.Е. Г-ѓа Маргарет Ен Ујехара, американскиот амбасадор во Подгорица и Н.Е. Г-дин Мило Ѓукановиќ, премиер на Црна Гора.

Оваа година, форумот обедини голем број видни гости, како што се министри и амбасадори од регионот, меѓу другото, претседателот на Република Хрватска, Н.Е. Г-ѓа, Колинда Грабар-Китаровиќ, првиот заменик-премиер на Хрватска, Н.Е. Филип Вујановиќ, претседателот на Црна Гора, г-ѓа Весна Пусиќ, г-дин Тед Вајтсајд, помошник на генералниот секретар на НАТО за јавна дипломатија, Н.Е. Г-дин Ивица Дачиќ, првиот заменик-премиер и министер за надворешни работи, Србија,-претседател на ОБСЕ, генерал Џон Р. Ален, специјален претседателски претставник за глобалната коалиција за контра ИСИС, Стејт Департментот на САД, д-р Жилиет Брд, раководител на одделение за борба против тероризмот, НАТО и многу други.

|