| Заврши НАТО напредната истражувачка работилница |
|
|
|
| Понеделник, 02 Јули 2012 19:34 |
|
НАТО Напредната истражувачка работилница: Одржливо справување со кризи- Регионално развиени капацитети го имаше своето затворање во саботата вечер, 30.6.2012.
По утринските панел- дискусии, попладнето беа креирани финалните заклучоци и препораки, по што учесниците продолжија во Охрид, каде имаа прилика да ја набљудуваат заедничката вежба на Црвениот Крст, дирекцијата за заштита и спасување и против пожарната бригада, "Спасител 2012"
Целокупното мислење и фидбекот на учесниците е многу позитивно, со оглед на фактот што тие успеаја да остварат успешно поврзување со нивните колеги од регионот, да разменат идеи и да ја дискутираат можноста за креирање на регионални капацитети за справување со кризи.
|



























