|
Младината на Евро – Атлантскиот Совет на Македонија (МЕАСМ) ќе го одржи своето Годишно Собрание на 18 јануари 2012 година. На Годишното собрание, кој е редовен настан на Младината на Евро – Атлантскиот Совет на Македонија (МЕАСМ) ќе биде избрано новото раководство на МЕАСМ како и програмата за работа во наредниот период.
Свое обраќање на Годишното собрание ќе има и претседателот на Евро – Атлантскиот Совет на Македонија г-дин Лазар Еленовски, а поканети се и членовите на претходните раководствата на МЕАСМ од нејзиното формирање.
Собранието ќе се одржи на 18 јануари 2012 година (среда) на Универзитетот Американ Колеџ во Скопје со почеток во 19.00 часот.
|