Вести:
You are here: Почетна|Медиа Центар|Говори|Пробивање на бариерите
Пробивање на бариерите PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 27 Февруари 2012 12:30

Говор на Д-р Стефани Бабст, Заменик на асистентот на Генералниот секретар за јавна дипломатија на НАТО на конференцијата посветена на резолуцијата 1325 на СБ на ОН  организирана од ЕАСМ

 

Екселенции,

Дами и господа,

Драги пријатели,

Најпрво би сакала да ви се заблагодарам за поканата да ја посетам вашата прекрасна држава. Можеби не доагаѓам во најдоброто време од годината, бидејќи е овде е студено речиси како и во Белгија каде што живеам и работам. Но, големо е задоволството да се обратам на оваа важна конференција за прашање кое мене ми е многу драго.

Би сакала да кажам неколку зборови на лична благодарност до Лазар Еленовски и Евро – Атлантскиот Совет на Македонија за организирањето на овој настан. Вие и вашиот тим правите одлична работа во вклучувањето на луѓето во трансатлантските безбедносни прашања овде во земјата и низ целиот Балкански регион.

На св. Валентин можеби е сосема соодветно да се дискутира еманципацијата на жените и придонесот што можат тие да го дадат на полето на безбедноста и градењето на мирот.

Зар не мислите дека ќе беше одлично ако денес, жените низ целиот свет добиваа не само цвеќиња и чоколади, туку и поголема улога во спречувањето на конфликтите, справувањето со кризи и градењето на мирот?

Една работа е јасна – таквата поголема улога доцни веќе долго време...

Низ минатите неколку декади, десетина конфликти опстојуваат бидејќи мировните напори беа неуспешни. Преговорите пропаѓаа, договорите беа прекршувани, на страните им беше полесно да се борат отколку да преговараат. И премногу често жените беа маргинализирани во овие пропаднати обиди, достигнувајќи само осум проценти од сите мировни преговарачи.

Кога гледаме низ целиот свет, гледаме колку е тешко да се створи мир под кои било услови. Но, исклучувањето на жените, според мене го прави уште потешко.

Но, се разбира, проблемот не е само во вклучувањето на жените во мировните преговори.

Исто така,  ние мораме да ги заштитиме жените подобро. Кога станува збор за вооружените конфликти, постојано гледаме како жените и децата не само што трпат сериозни последици од таквите конфликти – тие исто така завршуваат и како жртви без глас.

Тие губат пристап до здравствена грижа, образование и економски можности. Тие се и најголемиот дел од бегалците и внатрешно раселени лица. И тие се’ повеќе се предмет на сексуално насилство од страна на војниците, некогаш и како директно оружје во војната.

Мојата поента е следна: да, жените се жртви на конфликт. Но, тие не се само жртви. Тие исто така, мора да бидат дел од решението. Ако жените не се активни учесници во градењето на мирот, помирувањето и обновувањето, тогаш гледиштата, потребите и интересите на половина од светската популација не се претставени, а со тоа и решенијата нема да траат многу долго.

Во суштина постојат четири причини зошто поголемо учество на жените ќе помогне во изградбата на подобар и потраен мир:

Прво, затоа што го шири мировниот процес на повеќе учесници надвор од завојуваните страни.  Ова вклучува не само луѓе со оружје – “расипувачите на забави”. Вклучува луѓе кои можат да обезбедат широка социјална прифатеност и посветеност на секој мировен договор. Со други зборови, “преживеаните”, тие кои што инвестираат во мир.

Второ, специфичните грижи на жените, ако се решени, може да помогнат во забрзано враќање на владеењето на правото. Често, неказнивоста која ја уживаат сторителите за време на војна ќе продолжи да предизвикува високо ниво на сексуално насилство по завржувањето на конфликтот. Неуспехот да се сигнализира нула толеранција низ непосредни гонења на командантите кои или организираат или поддржувале сексуално насилство може да охрабри други да ги извршат овие дела. Самата сугестија за неказнување кога во прашање се злодела против жената ќе направи комплетно исмејување на сите напори за да се врати владеењето на правото.

Новинарката Ен Џоунс рече: „За жените, војната не е завршена кога таа ќе заврши“. Од 1989г., само 6 договори за прекин на огнот во 45 конфликти го споменуваат сексуалното насилство како забранет акт. Тоа значи дека секусалното насилство ќе продолжи кога оружјето ќе прекине. И ако жената не е завршена за жените, мирот не може да започне за нив и нивните деца.

Трето, учеството на жените во сите аспекти на градењето на мирот, вклучувајќи го процесот на разоружување, транзициска правда, комисии за уставна реформа и слично, ќе обезбеди рефлектирање на поголема различност во процесот на одлучување. Ова е добро за квалитетот на процесот на одлучување како и за демократизацијата.

Конечно, посветувањето на внимание на потребите на жените во пост-конфликтни ситуации може да помогне во забрзувањето на економскиот развој. Конфликтите обично создаваат наплив во домаќинствата водени од жени. Ако овие жени немаат домаќинства, тие се турнати во работа која високо-ризична, но слабо наградена, која ја продлабочува нивната сиромаштија. Со некаков степен на економска сигурност, тие се побрзи во инвестирањето во добросостојбата децата и нивното образование, побрзи во создавањето на безбедна храна и побрзи во ре-изградбата на нивните економии.

Конечниот резултат е јасен. Гледајќи ја користа од учеството на жените во квалитетот на владеењето, владеењето на правото и во обновувањето, неприфатливо е тие да останат маргинализирани во мировните преговори и процесите на помирување. Ова мора да се смени.

Пред една недела јас ја посетив годишната конфереција за безбедност во Минхен. И бев задоволна што државниот секретар на САД Хилари Клинтон одвои време да се сретне со неколку женски учесници на конференцијата и да зборуваат за резолуцијата на Советот за Безбедност на Обединетите Нации 1325 за жените, мирот и безбедноста и зошто таа треба да ни е важна на сите нам.

Зборовите на секретарот Клинтон за мене беа екстремно охрабрувачки и инспиративни. За неа, резолуцијата на СБ на ОН 1325 не е само едно убаво прашање кое треба да се спомене  туку е сериозна политичка цел на која и треба сериозно внимание.

Целосно се согласувам со неа. Повеќе од 10 години по усвојувањето на резолуцијата 1325 на СБ на ОН ситуацијата е далеку од задоволителна. Како што видовме во воведното видео, жените навистина поминаа голем пат низ минатите неколку декади.

Меѓутоа, има уште многу пат пред бариерата да биде комплетна пробиена и жените во светот да си го преземат нивното вистинско место во прашањата во војна и мир.

Па, ајде да видиме на кратко во тоа што НАТО, организацијата која јас ја претставувам, има направено да ја промовира резолуцијата 1325 на СБ на ОН.

Во НАТО, ние гледаме во улогата на жените во разрешувањето на конфликти и во градењето на мирот на еден сеопфатен начин.

Ние создадовме наши сопствени директиви за водење на имплементацијата на резолуцијата на СБ на ОН 1325 низ воените структури на НАТО. Овие директиви се базираат врз трите “п” (prevent, protect, participate) – превенција, заштита и учество. Ние сакаме да спречиме вооружените конфликти да имаат непропорцијално влијание врз жените и децата, ние сакаме да ги заштитиме жените и децата и ние сакаме жените да учествуваат во сите аспекти на операциите и на сите степени на командување.

Па што значи ова во пракса? Најпрво значи дека ние посветуваме значително внимание на родовата едукација и обука, посебно за тие сили кои треба да бидат пратени во операции. Ние сакаме да развиеме подобра свесност и разбирање на културата, улогата и влијанието на жените во локалните заедници и како нивните безбедносни грижи се различни од тие на мажите во тие заедници.

Во Авганистан, овој пристап веќе донесе многу позитивни резултати. Родовите советници распоредени во ИСАФ се трудат да обезбедат командантите на сите нивоа да ги земат предвид женските перспективи кога ќе ги формулираат нивните операционални и развојни стратегии. Многу од провинциските тимови за реконструкција низ земјата, исто така, вработија родови експерти. Тие обезбедуваат дополнителни линии на комуникација со локалната заедница која не е отворена кон машки војници. Тие помагаат да се гради верба и доверба во ИСАФ. Тие исто така ги алармираат командантите за специфичните потреби на жените од локалните заедници, вклучувајќи ги тука и основните услуги, како и здравство и образование.

И правиме повеќе. САД, на пример праќаат свои тимови од женски војници, исто како и другите НАТО-ИСАФ земји, да го спречат насилството против жената, убиствата за чест, женските жртви итн. и да извршуваат некои безбедносни функции како што се инспекции и лични испитувања.

Присуството на женски војници може да направи вистинска разлика на многу различни начини. На пример, полицаецот Аманда Хендерсон од Велика Британија, која ја постави основната полициска програма за обука и програмата за ракување со оружје за жени во провинцијата Хелманд. Таа им помогна авганистанските женски полициски офицери да научат да користат пиштол – и дополнително се осигура да добијат соодветни униформи – мала работа, но нешто кое мажите околу неа го пропуштиа.

НАТО останува посветен на поддршката на овој процес и заедно со останатите меѓународни организации и НВО бара начини да ги поттикне и заштити авганистанските жени и девојки. Сепак дел од тоа што мора да го направиме, додека се обидуваме да видиме дали е можен мир во Авганистан, е да разјасниме дека мирот нема да дојде на сметка на женските права и улоги. Тие страдаа премногу и предолго.

Дами и господа,

Токму во овој момент, повеќе од 30 земји ги одобрија национални акциони планови за имплементирање на резолуцијата на 1325 на СБ на ОН, вклучувајќи ги неодамна и САД. Нашата земја-домаќин сеуште треба да одобри национален акционен план, но како што дознав таквиот договор во моментов е во фаза на дискусија и ние сите со нетрпение очекуваме да ви посакаме добредојде во “1325 клубот”.

Ќе биде од суштинско значење вие да имате сеопфатна мапа за забрзување и институционализирање на напорите на македонската влада за унапредување на женското учество во создавањето и чувањето на мирот.

Драги пријатели и колеги,

Јас не сум овде да ви кажам дека сите жени се повеќе посветени отколку мажите во промоција на доброто. Не сите жени се врзани за мирот или добро со добро поврзани со заедницита каде живеат. Како и мажите, и тие се изложени на политички, етнички или религиозни тензии. И исто како и мажите, тие можат да придонесат во насилството и да учествуваат во вооружени групи.

Но, повеќе од мажите, жените имаат директно искуство од бруталните последици од насилен конфликт. И тие често носат дополнителен товар на многу понизок социјален и економски статус. Како први жртви на сексуално насилство, тие често гледаат појасно како конфликтот се шири од тепање дома до силувања и убиства на улиците и бојните полиња. И поради ова, тие се исто клучни во носењето на мирот назад во заедниците.

И покрај отпорот со кој жените често се соочуваат кога сакаат нивниот глас да биде чуен, тие продолжуваат да наоѓаат креативни начини да ги изразат нивните грижи во мировниот процес.

Кога се исклучени од мировните преговори, тие имаат свој паралелен процес. Кога се оставени надвор од собите каде што одлуките се носат одлуки, жените ги туркале нивните позиции и препораки низ дупките под вратите.

Кога се игнорирани, тие се приближуваат до оние кои ги носат одлуките на аеродромите или ги барикаридираат собите да ги присилат делегатите да постигнат договор како во Либерија во 2003 година.

Кога се замолкнати, тие одат на улиците за да ги чујат.

Како и да е, многу од овие иницијативи остануваат од мал размер, ад хок или недоволно финансирани.

Ако женскиот придонес во превенцијата на конфликти и учеството во мировниот процес не се зголеми значајно и не се скрши магичниот круг на нивно исклучување, нашата потера  по одржлив и правичен мир е во опасност.

Тоа е предизвик за НАТО земјите. И тоа е предизвик и за НАТО партнер земјите- посебно за тие кои имаат желба да и се приклучат на Алијансата. Јас сум уверена дека оваа порака е целосно поддржана од Владата и Парламентот во Скопје. И дека вие сите се согласувате колку е важно да ги поткрепиме нашите зборови со конкретни акции.

Ви благодарам. Јас ќе бидам среќна да одговорам на прашањата.

 

 

Публикации