|
Сабота, 14 Декември 2019 13:48 |
|
По повод седумдесетгодишнината од колективната безбедност и одбрана на НАТО, беше одржана првата меѓународна академија во Тирана, Албанија, организирана од YATA АЛБАНИЈА и меѓународната YATA. Проектот беше поддржан од Одделот за јавна дипломатија на НАТО. Три дена на активности со претставници од различни академски области како и политичари и дипломати. Академијата беше одржана во периодот 8ми-11ти Декември 2019.
|
|
Среда, 20 Ноември 2019 14:10 |
|
По повод завршувањето на проектот, насловен “Оспособување на младината за активно учество во процесот на донесување одлуки”, Евро-Атлантскиот Совет на Македонија во соработка со Амбасадата на Република Бугарија организираше Завршна Конференција со која ги презентираше резултатите од шестмесечното истражување, го покрена прашањата за младинско учество и разви дискусија за предизвиците и бариерите кои влијаат врз младинскиот ангажман.
|
|
Четврток, 10 Октомври 2019 12:42 |
|
По повод заминувањето на г-ѓа Даниела Боудинова, Заменик Шеф на Делегацијата во Амбасадата на Република Бугарија во Скопје и по покана на амбасадорот Ангел Ангелов, г. Исмет Рамадани, Претседател на АТА Македонија и г-дин Илија Џугуманов, член на Претседателството на АТА, присуствуваа на Поздравниот коктел, кој беше организиран во Бугарската Амбасада во Скопје во понеделник, 7 октомври 2019 година, во 18:00 часот.
|
|
Вторник, 08 Октомври 2019 09:56 |
|
За време на вториот ден од работната посета на Република Бугарија која е дел од проектот на Евро-Атлантскиот Совет на Македонија, насловен: “Оспособување на младината со цел активно учество во процесот на донесување одлуки“, учесниците и тимот на АТА Македонија ги посетија Кабинетот на Претседателот на Република Бугарија, Министерството за Одбрана на Република Бугарија и Атлантскиот Клуб на Бугарија.
|
|
Понеделник, 07 Октомври 2019 13:12 |
|
Евро-Атлантскиот Совет на Македонија (АТА Македонија) во остварувањето на својата функција, која подразбира промоција на Евро-Атлантската идеја и вредности во нашето општество, започна нов проект кој се остварува во соработка со Амбасадата на Република Бугарија во Република Северна Македонија.
|
|
|
|
|
|
Лист 10 од 54 |