Вести:
You are here: Почетна|Медиа Центар|Говори|Говор - Н.Е. Амбасадор Мариет Шурман
Говор - Н.Е. Амбасадор Мариет Шурман PDF Печати Е-пошта
Сабота, 05 Ноември 2011 00:00

„Јавнапромоцијана НАТО моделот „Smart Defence“
21-ви ноември 2011, Домна АРМ, Скопје

•    Дами  и господа, задоволство ми е да бидам денес овде во својство на шеф на НАТО контакт амбасадата во Македонија и да зборувам на тема која е навистина важна за сите народи, особено во време кога се соочуваме со промени во одбранбената околина и со финансиски тешкотии.


•    Навистина, сите НАТО членки и кандидати страдаат од финансиската криза. Сепак, потребата за силна воена алијанса останува. Затоа, генералниот секретар на НАТО, Расмусен, пред извесно време го претсави концептот на „Smart Defence“. „ Smart Defence“ или т.н. „паметна одбрана“ е насочена кон обезбедување на безбедност, на поефикасен начин со помалку ресурси: истовремено задржување и економизирање на капацитетите. Начинот на кој нациите ова може да го постигнат е ако работат заедно на пофлексибилен начин: да ги здружат и делат способностите на добро координиран начин. НАТО како транс-атлантска алијанса е одлично позиционирана за да ја преземе оваа улога на координација.

•    Со мулти-националниот пристап под знамето на НАТО, група на земји може да работат на специфични капацитети, без да мора сите 28 земји-членки на НАТО да ставаат свој влог. За мала земја, како Холандија, блиската соработка со другите земји е единствениот начин за продолжување на воените активности низ целиот свет. Затоа, Холандија ја поддржува идејата за паметна одбрана на Расмусен.

•    Вистина е дека со декади наназад имавме воена соработка со нашите соседи, особено со Белгија, ги здружувавм и делевме ресурсите уште пред таквата соработка да го добие името „паметна“. Ние тоа го нарекувавме „здрав разум“. Со новото име, Холандија учествува во мултинационалните проекти како што се центарот за образование и мултинационалните логистички партнерства за одржување на нашите хеликоптери. Овој фазен пристап во кој улогата на НАТО е да биде катализатор за мултинационалната соработка, може да се гледа како мошне позитивен чекор напред. Преку специјализацијата, преку поставувањето приоритети, нациите може да штедат и истовремено, да даваат значителен придонес. Исто така, може да помогне да се намалат административните трошоци во поглед на инфраструктурата и персоналот.

•    Во изминатите 10 години, Македонија од нето-увозник на мир премина во извозник на мир преку мисиите во Авганистан, Ирак, Босна и тн. Нејзиниот придонес во мировните мисии е навистина импресивен и многу поголем по глава на жител од повеќето НАТО членки. Земјата спроведува реформи за да создаде војска според стандардите на НАТО. Македонија направи голем чекор напред со тоа што од обврска кон имање голема војска и вообичаено војување прејде кон флексибилни воени структури создадени за се справат со голем и различен опсег на мисии и задачи. Напредокот направен во ова поле е воодушевувачки.

•    Македонија, мала земја како Холандија, може да придонесе уште повеќе кон глобалната безбедност ако оствари блиска соработка со другите нации. Концептот на паметна одбрана може да се примени и овде, синхронизиран со развојот на настаните во НАТО. Токму затоа денес зборуваме за оваа важна тема. За Македонија да може да стане уште поефикасна во извезувањето мир.

превод од англиски: Стефанија Маџоска

 

Публикации