| НАТО напредна истражувачка работилница во Струга, Македонија, 28 јуни - 1 јули 2012 |
|
|
|
|
Eвро – Атлантскиот Совет на Македонија и Атлантскиот Совет на Албанија организираат НАТО напредна истражувачка работилница: “Одржлива помош во вонредни ситуации – регионално развиени капацитети” Оваа научна конференција има регионален карактер и учесници од Албанија, БиХ, Бугарија, Грција, Македонија, Словенија, Србија, Турција, Црна Гора, Хрватска и високи претставници од НАТО. Овој настан ќе се одржи во Струга, Република Македонија од 28 јуни до 1 јули 2012 година. Настанот е поддржан од Програмата на НАТО за наука за мир и безбедност (NATO Science for Peace and Security Program). |





















