| 70 години заедничка безбедност и одбрана на НАТО: 1-ва меѓународна YATA Академија, Тирана, Албанија |
|
| E shtunë, 14 Dhetor 2019 13:48 |
|
По повод седумдесетгодишнината од колективната безбедност и одбрана на НАТО, беше одржана првата меѓународна академија во Тирана, Албанија, организирана од YATA АЛБАНИЈА и меѓународната YATA. Проектот беше поддржан од Одделот за јавна дипломатија на НАТО. Три дена на активности со претставници од различни академски области како и политичари и дипломати. Академијата беше одржана во периодот 8ми-11ти Декември 2019. Претставници од АТА Македонија присуствуваа на Академијата како учесници. Воведниот говор го одржа Градоначалникот на Општина Тирана, Н. Е. Ерион Велиај, насловен како: „Улогата на младите во домашната и меѓународната политика. Примерот со Тирана.“ Првиот ден учесниците присуствуваа на панел дискусија со добро познати личности и политички фигури како како Јуџина Ѓони (меѓународната YATA ), г-ѓа Мими Кодели (економист и политичар- првата жена Министер за одбрана во Албанија), Одета Барбулуши (советник на Премиерот и национален координатор за Регионалната економска зона) и Беким Максути (заменик-министер за одбрана на Северна Македонија). Панелот беше доста успешен, имаше многу прашања и дискусии од страна на панелистите и присутните. Вториот ден од Академијата беше одржан на Европскиот универзитет во Тирана. Имаше две панел дискусии тој ден. На првиот панел присуствуваа министрите за Одбрана на Албанија и Северна Македонија, г-дин Петро Кочи и г-дин Беким Максути, раководителот на Одделот за НАТО во Министерството за Европа и надворешни работи, г-дин Платор Калакула и поранешниот Министер за надворешни работи, г-дин Ариан Старова, кои зборуваа за „НАТО како најуспешна глобална организација во своите 70 години постоење и идните закани за предизвикот на Алијансата“, модериран од страна на Симоне Зукарели од YATA Италија.
Градоначалникот Н. Е. Ерион Велиај |