Новите безбедностни предизвици во ЈИЕ и перспективите на Република Македонија за членството во НАТО и ЕУ Shtyp
E hanë, 14 Dhetor 2015 13:41

Во време кога Европа и светот се справуваат со најразлични модерни безбедностни предизвици, а тоа посебно се одразува на регионот, Евро-Атлантскиот Совет на Македонија останува посветен на својата мисија, а тоа е промоција на евро-атлантските вредности, потребата и бенефитите од интеграцијата.

mkeunato

За таа цел, во пресрет на 2016та година, Евро-Атлантскиот Совет на Македонија ќе ја организира конференцијата на тема: ”Новите безбедностни предизвици во ЈИЕ и перспективите на Република Македонија за членството во НАТО и ЕУ”.

Поучени од успехот на минатогодишните настани од ваков карактер, каде што се прави пресек за годината која изминува и се трасира патот за она што следува, наша цел е да го организираме уште еднаш успешно овој настан.

На овој настан Евро – Атлантскиот Совет на Македонија уште еднаш ќе ја зголеми и направи видлива јавната дебата за бенефитот на Република Македонија од членството во НАТО и ЕУ, како и сите реформи кои земјата ги има направено досега.

На крајот од самиот настан, Евро-Атлантскиот Совет на Македонија, со покровителство од Министерството за Одбрана на Република Македонија ќе организира новогодишен коктел.

Програма

Новите безбедностни предизвици во ЈИЕ и перспективите на Република Македонија за членството во НАТО и ЕУ

Дом на АРМ, Скопје
18 декември 2015 година

10.30 – 11.00

Пристигнување на гостите

 

 

 

 

 

 

 

11.00 – 12.30

  • Г-дин Исмет Рамадани, Претседател, Евро-Атлантски Совет на Македонија (АТА Македонија)

  • Д-р Фатмир Бесими, Вице премиер за евро интерграции

  • Н.Е. Чарлс Е. Герет, Амбасадор на Британија во Република Македонија

  • Г-дин Илми Селами, Заменик Министер за одбрана на Република Македонија (домаќин на настанот)

  • Г-дин Бартон Ј. Путни, Заменик шеф на мисијата, Амбасада на САД во Република Македонија

  • Н-Е Омур Солендил, Амбасадор на Република Турција во Република Македонија/НАТО контакт амбасада*

  • Проф. Д-р Стево Пендаровски, аналитичар/ универзитетски професор

Модератор: Илија Џугуманов

12.30 – 14.00

Коктел организиран од Министерството за одбрана на Република Македонија и Евро-Атлантскиот Совет на Македонија

*Се чека на потврда