Секторот за јавна дипломатија на НАТО, среда, 3ти јуни 2015 во 19:00 часот, Евро-Атлантскиот Совет на Македонија (АТА Македонија) и ЈАТА Македонија организираа еднодневен настан, насловен како:
Еден-на-Еден ДИСКУСИЈА со г-ѓа Барбора Маронкова, програмски офицер, Оддел за ангажирање на НАТО Секторот за јавна дипломатија.
На настанот се собраа студенти и млади професионалци од земјата на неформален разговор со НАТО Високиот официјален претставник. По краткото претставување од страна на г-ѓа Маронкова беше отворена дискусија на која беше разговарано главно на теми како Eвро-Aтлантските интеграции, функционирањето на Секторот за јавна дипломатија на НАТО и за актуелните проблеми со кои се соочува НАТО во врска со растечката закана на меѓународниот тероризам, напливот на миграциии и Украинската криза. Дискусијата заврши со прашања и забелешки од страна на учесниците.
Настанот се одржа во просториите на Универзитетот на Југоисточна Европа во Скопје.