АТА Генерално Собрание, Брисел, 9ти до 11ти декември 2013 Shtyp
E martë, 17 Dhetor 2013 11:21

ismet GAНа 10 и 11 декември 2013 година, Светската Атлантска Асоцијација (АТА) беше домаќин на меѓународната конференција за НАТО Пост 2014 кој се одржа во Светската царинска организација во Брисел, Белгија.

На конференцијата присуствуваа над 250 експерти и делегати од 36 земји ширум Атлантикот, заедно со креаторите на политиката, владини претставници, воени офицери, дипломатски претставници, новинари и млади професионалци.

Конференцијата НАТО Пост 2014 успешно ги поврза експертите за безбедност, високи претставници на НАТО и членовите на АТА мрежата за понатамошен развој на својата заедница на експерти дисперзирани низ цела Европа и Северна Америка.

Ексклузивна можност за двете групи, експертите и владините претставници преку Атлантикот за да се дефинира иднината на НАТО по 2014 година!

Clipboard01

Делегацијата на Евро-Атлантскиот Совет на Македонија беше предводена од потпретседателот г-дин. Исмет Рамадани.
Раководството на ЈАТА Македонија беше претставено во следниот состав, г-дин. Илија Џугуманов, г-ца Симона Киш и г-дин. Јордан Тасев.

Clipboard02

На 9ти Декмври, беа одржани двете генерални собранија на АТА и ЈАТА.

На ова Генерално Собрание беше избран новиот Извршен одбор на Меѓународната ЈATA кое се состои од следниве членови:
(а) Претседател:
• Ровинда Апелман - Холандија
(б) Генералниот секретар:
• Франциско Коста - Португалија
(в) Извршниот заменик-претседател:
• Даниел Фазлиќ - Словенија
(г) Потпретседател за јавна дипломатија:
• Јуџина Сотири - Албанија
(д) Потпретседател за комуникација:
• Илија Џугуманов - Македонија
(ѓ) Потпретседател за финансии:
• Владан Балабан – Црна Гора

Clipboard03