| Делегација од ЕАСМ на средба со студенти од Кралскиот колеџ за одбранбени студии |
|
| E enjte, 24 Maj 2012 00:00 |
|
There are no translations available.
Согласно целта на студиската посета, групата студенти преку презентација имаа можност подетално да се запознаат со работата на Евро-Атлантскиот Совет на Македонија, минатите и тековните проекти и идните активности кои ЕАСМ ќе ги реализира. Дел од агендата на групата студенти се и средбите со претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов,министерот за одбрана г-дин Фатмир Бесими, министерот за економија, г-дин Ваљон Сарачини како и со претставници од Воената академија, Центарот за управување со кризи, претставници од бизнис заедницата и од невладиниот сектор. Кралскиот колеџ за одбранбени студии е сениорски колеџ во рамките на Академијата за одбрана на Обединетото Кралство, со основна цел – надградба на стратегиското образование на офицерите и цивилите кои ќе бидат дел од стратегиското ниво за креирање политики во владиниот сектор и интернационалната средина. |