|
E premte, 02 Tetor 2020 08:41 |
|
There are no translations available.
“Практична употреба на напредните технологии за зацврсрување на безбедносните и одбранбените способности: Перспективи и предизвици за Западен Балкан“
Евро-Атлантскиот Совет на Македонија, во соработка со Атлантскиот совет на Босна и Херцеговина ќе одржи Работилница за напредно истражување на НАТО (АРВ) насловена: „Практична примена на напредните технологии за зацврстување на безбедносните и одбранбените способности: Перспективи и предизвици во западен Балкан“ , поддржана од програмата на НАТО “Наука за мир и безбедност“. Работилницата ќе се одржи во хибриден формат (ограничен само на присуството на главниот тим) и предавањата ќе се одржуваат целосно онлајн од 14 до 17 октомври 2021 година.
Примарната цел на ARW е да ги истражи примарните апликации на напредна технологија (вклучувајќи вештачка интелигенција и автономна технологија) за безбедносни и одбранбени цели, да го подигне нивото на свест и разбирање кај клучните засегнати страни во врска со практичните потенцијали и главните предизвици при имплементирање на напредна технологија што има за цел зацврстување на безбедносните системи во западен Балкан, како и да ги постави основите за регионална соработка помеѓу јавните институции, академијата и приватниот сектор.
Настанот ќе биде составен од презентации од експерти во форма на предавања и сесии за дискусија конципирани како работилница со модератор. Во оваа насока, настанот ќе собере познати експерти ќе донесе на едно место познати експерти и познавачи од областа на техничките и општествените науки од НАТО и земјите-партнерки на НАТО кои ќе учествуваат како говорници и учесници и ќе ги адресираат најновите трендови, како и техничките, стратешките и правните аспекти на новата и иновативна технологија.
Меѓу експертите што ќе одржат предавања се д -р Алан Брил, Cyber Risk Practice of Kroll; Г -дин Доналд Дуденхофер, Австриски Институт за Технологија; Г -ѓа Ен Ваjатага, NATO CCD COE; Б-г Генерал Методи Хаџи Јанев, Воена академија „Генерал Михаило Апостолски“ Скопје; Г -дин Џејсон Вајсман, Европски Парламент; Г-ѓа Анет Нума, Е-Естонија; и д -р Велизар Шаламанов, Агенција за комуникации и информации на НАТО.
Ко-директори на настанот се г-дин Илија Џугуманов, Генерален Секретар на АТА Северна Македонија и д-р Дијана Гупта, Претседател на Атлантскиот совет на Босна и Херцеговина.

|