Годишно Собрание на Младината на Евро – Атлантскиот Совет на Македонија (МЕАСМ) Shtyp
There are no translations available.

Младината на Евро – Атлантскиот Совет на Македонија (МЕАСМ) ќе го одржи своето Годишно Собрание на 18 јануари 2012 година.
На Годишното собрание, кој е редовен настан на Младината на Евро – Атлантскиот Совет на Македонија (МЕАСМ) ќе биде избрано новото раководство на МЕАСМ како и програмата за работа во наредниот период.

Свое обраќање на Годишното собрание ќе има и претседателот на Евро – Атлантскиот Совет на Македонија г-дин Лазар Еленовски, а поканети се и членовите на претходните раководствата на МЕАСМ од нејзиното формирање.

Собранието ќе се одржи на 18 јануари 2012 година (среда) на Универзитетот Американ Колеџ во Скопје со почеток во 19.00 часот.