| Резолуција 1325 на ОН: Women Count for Peace |
|
|
|
| E diel, 02 Tetor 2011 00:00 |
|
There are no translations available. Жените и децата станаа примарни цели во денешните вооружени конфликти и тие претставуваат невидени жртви. Истовремено, се појавуваат и како неопходни партнери во создавањето на одржлив мир и како водачи во создавањето на нови меѓународни закони кои ги уредуваат конфликтите. Имајќи предвид дека мина една декада од едногласното усвојување на ОН Резолуцијата 1325, посветен е огромен број на иницијативи за спроведување на УН 1325. Евро-Атлантскиот Совет на Македонија, организација која работи во полето на безбедноста и меѓународните односи, ја демонстрира својата посветеност со тоа што работи токму на оваа значајна резолуција, вклучувајќи ги тука и постигнувањата од нејзиното спроведување на национално, регионално и на ниво на НАТО. Понатаму, имајќи предвид дека Стратешкиот концепт на НАТО усвоен во 2010 се упатува токму на родовата димензија во одбраната и безбедноста и цврстата посветеност на Алијансата кон родово претструктуирање, проектот Евро-Атлантскиот Совет на Македонија се стреми кон расветлување на важноста од спроведувањето на оваа Резолуција со што би се засилила улогата на жените на глобалната сцена. Овој фокус вклучува и потенцирања на стожерната улога која жените треба да ја имаат во справувањето со конфликти, нивното решавање, како и обезбедување на одржлив мир.
|





















