| НАТО Самит во Чикаго во мај 2012 година |
|
|
|
| E diel, 02 Tetor 2011 00:00 |
|
There are no translations available. Генералниот секретар на НАТО, Андерс Фон Расмусен во текот на својата посета на САД го најави следниот НАТО Самит кој ќе се одржи во Чикаго во периодот од 20-21 мај следната година.
Следејќи ги одлуките кои беа усвоени во Лисабон минатата година, ова ќе биде навистина важен самит на којшто главна тема ќе биде партнерството помеѓу НАТО и Авганистан. Целосната агенда за самитот во Чикаго се’ уште не е конечна, но она што е сигурно е дека таму ќе се разјасни дека НАТО и понатаму ќе останат посветени и фокусирани на обуката и образованието на авганистанските безбедносни сили со цел да се подобри нивниот капацитет. Во 2010 година на НАТО Самитот кој се одржа во Лисабон беше усвоен Новиот Стратешки концепт. На претходниот самит кој се одржа во САД, Вашингтон во 1999 година, Алијансата ја прослави 50-та годишнина. |





















