Фокус групи – 1 дел Shtyp
E martë, 30 Nandor 2021 11:05

Во текот на втората половина на ноември 2021 година, Евро – Атланскиот Совет на Северна Македонија во рамки на проектот „Информации против Дезинформации: Градење на отпорност кон дезинформациски практики во пост-Ковид опкружување во Северна Македонија“ кој е поддршан од НАТО Секторот за Јавна Дипломатија, имаше продуктивна недела и ги одржа првите две фокус групи.

1

Фокус групите беа составени од по 4 млади луѓе по група. За време на разговорот добивме навистина интересни одговори и видувања кои ги имаат младите за дезинформациите и за тоа дека можат да ги распознаваат, нивната перцепција спрема пандемијата, употребата на вакцини, довербата во домашните институции, кои држави во светот добро се справија со пандемијата итн.

Вредно да се напомене е тоа што иако членовите на фокус групите иако доаѓаа од различни сфери на занимање и интересирање, како и образование, кај сите можеше да се забележи дека сите знаеа за што точно се работеше.
Целта на фокус групите беше да се има увид во мислењата на младите лица и за тоа како тие гледаат на овие општествени феномени.

2

Проектот на кој работи Евро – Атланскиот Совет на Северна Македонија е ориентиран кон младите и негова примарна цел е да го намали неселективниот прием на дезинформации, кои се се поприсутни во новата реалност во Северна Македонија, во голема мера како нуспроизвод на пандемијата Ковид-19, како и да изгради долгорочна отпорност на општеството преку едукација и информативни алатки и техники.