НАТО Студентска Симулација – Инфо Брифинг Shtyp
E mërkurë, 20 Prill 2016 11:50

Во пресрет на последниот настан на месецот на НАТО 2016 година, 6-тaта студентска симулација на НАТО на тема "НАТО во очите на Самитот во Варшава", ATA / ЈATA Македонија организираше инфо брифинг во просториите на ЧОВЕКОТ ПРЕД СЕ со цел да ги запознае учесниците на овогодинешната студентска симулација со нивните задачи и да ги додели нивните улоги.



Имајќи предвид дека студентските конференции и сите настани од ваков вид во земјата досега се покажаа како многу успешни и интересни за студентите, Евро-Атлантскиот Совет на Македонија ќе продолжи со оваа традиција. Овој пат, НАТО студентката симулација ќе се одржи на 26ти април 2015 година во ЕРА центарот во Скопје.

За таа цел, на инфо брифингот, беа објаснети принципите на работа на симулацијата, искуствата од претходните симулации, како и важноста да учествуваат на ваков практичен настан од голем образовен карактер.

Настанот е подржан од НАТО Секторот за јавна дипломатија.

nato1



Info briefing - 6th NATO Summit Student Simulation ALBUM