Меѓународна научна конференција - SEECURE 2016 Shtyp
E premte, 15 Prill 2016 12:58

Како дел од НАТО месецот 2016 година, Евро-Атлантскиот Совет на Македонија продолжи со своите активности, овојпат со меѓународна научна конференција на тема: "SEECURE 2016". Настанот се одржа на 14 април 2016 година во Домот на армијата во Скопје, со почеток во 10 часот. Оваа конференција е втор настан кој се организира по повод месецот на НАТО во организација на Евро-Атлантскиот Совет под покровителство на Министерството за одбрана на Република Македонија, со поддршка на НАТО Секторот за јавна дипломатија.


Денес безбедносните закани се меѓусебно поврзани повеќе од било кога. Од сајбер до енергетската безбедност, од Исток до Медитеранот и Персискиот залив, тероризмот, хибридната војна, масовните миграции и другите не-воени фактори на нестабилност ја прават нашата безбедност "неделива". Регионот на Југоисточна Европа е во средината на сите случувања. Затоа, неколку месеци пред самитот на НАТО во Варшава, Евро-Атлантскиот Совет на Македонија (АТА Македонија) ќе организира Меѓународна научна конференција “SEECURE 2016”. Затоа, оваа конференција беше предвидено да се состои од три дела кои се занимаваат со неколку значајни безбедносни теми од неколку проекти на кој АТА Македонија работи во 2016 година.



Г-дин Рамадани, Претседател на Евро-Атлантскиот Совет на Македонија, ја отвори конференцијата со афирмација на евро-атлантските вредности и улогата што Евро-Атлантскиот Совет ја има во ширење на НАТО агендата. Тој испрати порака до сите државни службеници да работат заедно кон полноправно членство на Република Македонија. И на крај, тој направи преглед на темите кои ќе се дискутираат за време на панелите и ги претстави говорниците.



Г-дин Максути, Заменик Министерот за одбрана, ги поздрави напорите на Евро-Атлантскиот Совет што ги прави работејќи на ширење на евро-атлантските вредности и поттикнување на истражувања кои се занимаваат со прашања за НАТО и безбедноста. Тој нагласи дека Министерството за одбрана ќе продолжи да ги поддржува овие иницијативи за поддршка на приемот на Македонија во НАТО како столб за безбедност и стабилност.



Г-дин Рабаи, Програмски раководител при НАТО Секторот за јавна дипломатија, продолжи со моменталните предизвици со кои се соочува со НАТО. Тој ги пофали македонските напори во нејзиниот пат кон НАТО и на кратко се осврна на глобалните закани за безбедноста, како и на политиките и стратегиите на НАТО за нивно справување.



Д-р Аријан Старова, Претседател на Евро-Атлантскиот Совет на Албанија, потсети за научените лекции од крвавите конфликти на Балканот и ја потенцира важноста од инвестирање во добрососедските односи. За зголемување на регионалната безбедност, тој ја истакна неопходноста од регионалната соработка, признавање на Косово и забрзување на процесот на интеграција на сите балкански земји.



Г-дин Бесими, поранешен Вицепремиер, го потенцира напредокот што Македонија го прави во однос на евро-атлантските интеграции. Тој ја истакна потребата од забрзување на процесот на интеграција во структурите на НАТО и ЕУ. Тој истакна дека најважно за Македонија е да се остане активен партнер и доследна во својата посветеност со цел да се постигне полноправно членство.



Г-дин Трифун Костовски, Извршен директор на бизнис клубот на Евро-Атлантскиот Совет на Македонија, ја изрази својата загриженост во врска со политичката криза во Македонија која во голема мера се одразува на интеграцијата во НАТО. Тој ја истакна важноста на интеграцијата во НАТО од аспект на економијата, бизнис можностите и странските инвестиции.



Г-ѓа Ангелка Пеева, IMAGE PR,  забележа дека Македонија е мала земја со големи предизвици и тоа е причината зошто ние треба да се фокусираме на развој на бизнисот, како клуч за просперитет. Таа ја подвлече потребата од лидерски капацитет во нашата земја не само за владини претставници, но истовремено и за бизнис секторот.



Г-дин Рафајловски, потпретседател на Стопанската комора на Македонија, ги утврди проблемите кои во моментов го окупираат бизнис секторот, а подоцна во неговиот говор се осврна на важноста од вмрежувањето во рамките на бизнис заедницата.



Во текот на втората панел сесија на тема: "Енергетска безбедност, безбедност на регионот", говорниците дискутираа за предизвиците кои произлегуваат од недостатокот на енергија, со кои во моментов се соочува нашиот регион.



Модераторот г-дин Виктор Андонов, Генералниот Секретар на Евро-Атлантскиот Совет на Македонија, го воведе вториот панел со преглед на основните услови за енергетска ефикасност, како што се зголеменото домашно производство и помалата увозна зависност и, исто така, на кратко се осврна на главните предизвици кои влијаат на енергетскиот сектор.



Г-дин Каневче од Македонската Академија на науките и уметностите (МАНУ) посочи неколку предизвици во поглед на енергетската сигурност на кои Македонија треба да се фокусира, како што се изградба на инфраструктура, нови извори на снабдувањето со енергија и развој на пазарот на природен гас. Тој истакна дека за привлекување на инвестиции во енергетскиот сектор, неопходно е да се создаде соодветна клима за инвестиции.



Г-дин Штефан Петер, Претседател на Управниот одбор на ЕВН Македонија, зборуваше најмногу за обновливите извори на енергија и бариерите кои постојат во однос на енергетската ефикасност. Тој истакна дека е потребен заеднички пристап и целење кон глобалниот пазар, наместо фокусирање на локалните интереси со цел да се постигне енергетска сигурност.



Презентацијата на г-дин Хаџи Мишев, Генерален Директор на ТОПЛИФИКАЦИЈА АД, беше фокусирана на обновливите извори на енергија и главните прашања кои ги придружуваат. Тој истакна дека физибилноста на дистрибутивниот систем директно зависи приклучување на дистрибутивните системи на постојните објекти.



Г-дин Чогеља, Советник на Вицепремиерот за економски прашања, во својот говор ги истакна целите за постигнување на енергетска безбедност, вклучувајќи и поголема улога и подобра преговарачка позиција на ЕУ, диверзификација на изворите на енергија, намалување на емисиите на гасови и поттикнување на обновливите извори на енергија.

Последниот панел на тема "Влијанието на евро-интегративните процеси врз меѓуетничките односи", се фокусираше на чувствително, но навистина важно прашање за регионот на ЈИЕ. Панелот се фокусираше на улогата која интеграцијата може да има за подобрување на меѓуетничките односи и како тоа ќе придонесе за градење на интер-етничка заедница.

Модератор на последниот панел беше г-дин Илија Џугуманов, Претседателот на YATA Македонија.



Според д-р Лидија Георгиева, Универзитетски професор, интеграција во структурите на ЕУ и НАТО може да донесе само позитивни резултати за меѓуетничките односи во Македонија. Таа рече дека интеграциите може да се посматраат од микро и макро перспектива и дека секоја земја треба да ги вкрсти и економскиот и мулти-етничкиот аспект со цел ефективна интеграција.



Г-дин Ризван Сулејмани, Универзитетски професор, се осврна на актуелните трендови и перцепции во однос на интеграцијата и меѓуетничките односи. Неговиот говор, исто така ја покри важноста на државното уредување и децентрализацијата во градење на одржлива интер-етничка заедница.



Г-дин Александар Кржалоски, Извршен Директор на Македонскиот центар за меѓународна соработка, претстави неколку истражувања и статистички податоци во однос на меѓуетничките односи. Сумирајќи ги резултатите од бројни истражувања во однос на јавното мислење спроведени во претходните години во Македонија, тој рече дека постојат трендови во подобрувањето на меѓуетничките односи.



Г-дин Алберт Муслиу, Политички аналитичар, истакна дека најважна работа во мулти-етничка заедница е изградбата на заеднички идентитет, според моделот на ЕУ, но и зачувување на спецификите на секоја етничка група. Тој, исто така, укажа на фактот дека интеграцијата во евроатлантските структури ндвосмислено ќе ги подобри меѓуетнички односи во Македонија.



Г-дин Нано Ружин, Универзитетски професор, се произнесе на темата напоменувајќи дека проблемот со меѓуетничките односи и поделбата по етнички линии е вкоренето во балканските конфликти и според него тоа може да се надмине само со создавање на нови вредности и преку следење и ширење на идеите на Евро-атлантизмот.

2