| 18-та Годишна меѓународна конференција на АТА Албанија |
|
| E hanë, 23 Mars 2015 21:09 |
|
Во периодот од 25 до 26ти февруари, 2015, делегација на Евро-Атлантскиот Совет на Македонија (АТА Македонија) водена од Претседателот г-дин Исмет Рамадани, учествуваше на 18-тата Годишна меѓународна конференција организирана од страна на Атлантскиот совет на Албанија со наслов: Оваа конференција заслужено претставува традиционална можност за граѓанскиот сектор и политичките актери да направат значаен допринес кон охрабрување на соработката за безбедност и развој во Европа и регионот на Западен Балкан, како и кон дискутирањето на пристапите кои НАТО ги има кон современите безбедносни предизвици. Конференцијата вклучување четири сесии составени од учесници на високо ниво кои претходеа на прашања, дебата и квалитетни дискусии. Вообичаено, 18-тата Годишна меѓународна конференција на Атлантскиот совет на Албанија беше отворена од Претседателот на АТА Албанија, д-р Аријан Старова кој во неговиот поздравен говор се осврна кон темата на конференцијата нагласувајќи ја важноста на креирањето на платформа за дискусија и дијалог во однос на моменталните случувања во меѓународната безбедност во Европа и пошироко во региони како Блискиот исток и Северна Африка. Во однос на тоа, тој истакна дека „поголема поддршка кон нашиот Атлантски совет во иднина несомнено ќе произведе повеќе идеи и корисни активности за нашата национална, регионална и меѓународна безбедност“. Во еден од воведните говори, проф д-р Фабрицио Лукиоли, Претседател на Атлантската Договорна Асоцијација (АТА) повика на подобра соработка помеѓу НАТО и ЕУ во рамките на Обединетите нации и ја нагласи важноста на користење на сите наши ресурси, воени и невоени, во насока на промена на природата на заканите, но и промена на нашето разбирање на одбранбените димензии. Во нејзината како воведничар, проф д-р Деспија Афентули, од Дивизијата за јавна дипломатија на НАТО, се осврна кон суштинската улога на НАТО во одржување и промовирање на демократијата, особено во однос на моменталните безбедносни закани како ИСИС и Руската агресија во Украина. Во однос на овие нови безбедносни предизвици, д-р Афентули ја акцентираше важноста од одржување на НАТО како силна политичка и воена алијанса. Првата сесија „Општата безбедносна ситуација во Европа и нејзините предизвици“ беше водена од д-р Паскал Мило, а се обратија Министерот за одбрана на Албанија, г-ѓа Мими Кодели, Амбасадорот на САД, Н.Е. Доналд Лу, пратеникот и поранешен Министер за одбрана на Албанија, г-дин Фатмир Медиу како и Раководителот на граѓанската лига НАТО-Украина, г-дин Серхиј Џерж. Втората сесија „Старите националистички менталитети наспроти регионалната Соработка за безбедност и развој во Западен Балкан“ беше модерирана од поранешниот пратеник и Претседател на Евро-Атлантскиот совет на Македонија, г-дин Исмет Рамадани, а говореа г-дин Сокол Дервишај, поранешен Заменик министер за надворешни работи на Албанија, д-р Енвер Бутујчи, директорот на Институтот за Југоисточни Европски студии, г-дин Алберт Муслиу, член на Претседателството на Евро-Атлантскиот совет на Македонија и д-р Ариан Дурмиши, истражувач во Институтот за демократија и медијација. Во третата сесија „Безбедносните закани кои произлегуваат од Блискиот исток и Северна Африка“, модерирана од директорот на Албанскиот политички центар, д-р Едит Харџи, говорници беа амбасадорот на Египет, Н.Е. Ахмед Абделах, претседателот на D’Affairs of Libya, Есам Галиел, професор д-р Бекир Чинар од Турција и поранешниот амбасадор на Албанија во Египет, Сулејман Томчини. Во оваа сесија, учесниците се сложија дека безбедноста на државите членки на НАТО е неодвојливо поврзана со безбедноста на Блискиот исток. Според тоа, борбата против тероризмот на Блискиот исток бара дополнителни во имплементација на обединета стратегија наспроти терористичките закани. Четвртата сесија, „Самитот на НАТО во Велс во одговор на меѓународните безбедносни потреби“, беше модерирана од проф. д-р Бејтуш Гаши и говорници беа д-р Едит Харџи, Директор на Албанскиот политички центар, г-дин Гуиламе Ласконариас, истражувач од НАТО одбранбениот колеџ, Рим и г-дин Едвин Кулури, поранешен Генерален секретар од Министерството за одбрана и член на управниот одбор на Институтот за политички студии. Во оваа сесија, беше нагласено важноста за зголемување на соработката и воената посветеност во наспроти растечките закани кои доаѓаат од ИСИС и Русија. Говорниците на овој панел генерално беа фокусирани на двете димензии на одбраната. Во завршните обраќања, д-р Старова, Претседателот на Атлантскиот совет на Албанија, направи осврт на конференцијата и помеѓу другите работи, рече дека оваа конференција се покажа како вистински успех во комбинирање на напорите на различни експерти, владини и парламентарни претставници во заеднички форум за дијалог. Учесниците ја искористија конференцијата за поврзување, споделување на информации и да се стекнат со дополнителни знаења околу современите безбедносни случувања. Дискусиите обезбедија поголема свесност и разбирање на безбедносните дилеми со кои денес се соочува Северно атлантската алијанса. На маргините на конференцијата, работна вечера беше одржана помеѓу бизнис клубовите на АТА Македонија и АТА Албанија. За оваа цел, покрај г-дин Рамадани и г-дин Муслиу, на работната вечера учествуваа уште два члена на бизнис клубот на АТА Македонија, г-дин Горан Чогелија и г-дин Тоше Коцевски. Конференцијата беше одржана во хотел Mondial во Тирана и беше посетена од повеќе од 150 учесници, вклучувајќи владини претставници, политички лидери, дипломати, безбедносни и одбранбени експерти, воени офицери, универзитетски професори, истражувачи, претставници на граѓанскиот сектор, претставници на медиумите, членови на АТА и студенти. |