|
E martë, 04 Mars 2014 11:22 |
|
Евро-Атлантскиот Совет на Македонија како партнер организација има чест да Ви го претстави проектот Алианте 2014, уникатен натпревар со меѓународни димензии.
Алианте е натпревар за тимови составени од два члена, за ученици и студенти од 15 до 19 годишна возраст. Неговата цел е да се подигне свесноста и знаењето на учениците за историја, географија, политика и пред се безбедносни прашања, како и за прашања поврзани со Северно-Атланската Алијанса.

Подлабок увид во овие области им овозможува подобро разбирање на актуелни теми и ги учи подобро да ги наоѓаат врските помеѓу одредени настани. Исто така, уникатниот концепт на Алианте им овозможува да ја испитаат својата физичка и психичка издржливост во предизвикувачки услови, да запознаваат луѓе со слични интереси од различни земји, но нуди и можност за едно незаборавно патување. Сепак, сите учесници на Алианте ќе имаат лични придобивки преку проширувањето на нивните знаења и стекнување познанства со ученици од различни земји кои имаат слични интереси со нив. Ова е главната награда која ќе им помогне во понатамошното образование и подоцна во градењето на сопствени кариери.
Од што се состои натпреварувањето?
Учесниците треба да го покажат своето знаење во три круга за да се изборат за незаборавното патување. Првиот круг е само “загревање” – потребно е да одговорите точно на 15 од 20 поставени прашања каде од 4 можни опции, само една е точна. Со вториот круг исто така се оценува знаењето, но тоа оди во детали и бара сеопфатна потрага од соодветни извори. Се состои од 35 прашања за историја, меѓународни односи, географија и прашања за структурата и функционирањето на НАТО. Најдобрите тимови од секоја држава ќе учествуваат на меѓународното финале во Словачка. Победниците на големото финале ги очекува патување во Германија.
Пријавувањето започна на 3 март 2014 (понеделник)!
Регистрација и повеќе информации на официјалната страна на проектот www.project-aliante.org и на страната на Евро-Атлантскиот Совет на Македонија atamacedonia.org.mk
|