|
E enjte, 13 Qershor 2013 13:45 |
|
There are no translations available.

Евро-Атлантскиот Совет на Македонија за прв пат учествуваше како партнер во проектот Алианте 2013, уникатен натпревар со меѓународни димензии.
Алианте е натпревар за тимови составени од два члена, за ученици и студенти од 15 до 19 годишна возраст. Неговата цел е да се подигне свесноста и знаењето на учениците за историја, географија, политика и пред се безбедносни прашања, како и за прашања поврзани со Северно-Атланската Алијанса.
Алианте 2013 година во Република Македонија имаше успешен старт со учество на 20 екипи од средните училишта од државата. Тие беа тестирани во две национални фази и имаме особена чест да ги објавиме резултатите од овогодинешниот натпревар. Учениците од скопската гимназија “Раде Јовчевски Корчагин”, Елена Грнчаревска и Михајло Вуковиќ се победници на вториог круг од националниот дел Алианте 2013 натпреварот.
Второто место го освоија Павле Софрониески и Давид Најдоски од ПСУ “Алгоритам Центар”, додека третото место им припадна на Стефани Котевска и Александра Цветановска од истото училиште. |