НАТО наука за мир и безбедност - “Информативен ден” Shtyp
E hanë, 03 Qershor 2013 14:22
There are no translations available.

НАТО Програмата за наука за мир и безбедност во соработка со Министрството за надворешни работи и Министерството за одбрана на Република Македонија го организираа првиот отворен “Информативен ден “  во нашата земја. Настанот беше одржан на 03.06.2013 (Понеделник) во Домот на АРМ, Скопје.

sps1

Информативниот ден овозможи преглед на Програмата за наука за мир и безбедност и прикажа како НАТО одговара на растечките безбедносни предизвици преку научна соработка со партнерите.

За време на настанот, два високи НАТО претставници од Програмата за наука за мир и безбедност се обратија на присутните и ја објаснија самата Програма. Клучни говорници беа:
•    Д-р. Дениз Јуксел – Бетен, постар советник за партнерска соработка во одделот за наука за мир и безбедност
•    Д-р. Ејуп Кунтај Турмус, советник во НАТО Програмата за наука за мир и безбедност

Во името на Евро-атлантскиот совет на Македонија, пол. Љубе Дукоски ја презентираше имплементацијата на НАТО напредната истражувачка работилница “Sustained Emergency Relief – Regionally Developed Capacities” . Како ко-директор на проектот, пол. Дукоски ги објасни целите, дискусиите како и заклучоците и препораките кои произлегоа од НАТО напредната работилница.

sps2

Како втор панелист пот.пол Методи Хаџи Јанев ја објасни улогата на проектот од Програмата за наука за мир и безбедност “Intelligence Sharing and Terrorism”, кој беше одржан во Анкара, Турција.

На овој настан присуствуваа и замениците министри за одбрана и надворешни работи на Република Македонија, г-дин Емил Димитриев и г-дин Зоран Петров. Присутни беа и претставници на Универзитетот “Гоце Делчев”, Универзитетот “Св. Кирил и Методиј”.