| Краток извештај на првиот ден на Пост - ИСАФ |
|
| E martë, 18 Dhetor 2012 10:08 |
|
Првиот ден од регионалната конференција “Регионален Пост – ИСАФ ангажман – научени лекции и наследство за А- 5 земјите за идните експедициони мисии“ започна со официјалното отварање.
Говорници на оваа сесија беа:
Првиот говорник беше Н.Е. Фатмир Бесими.Во своето обракање тој ги посочи научените лекции што нашите мировници ги стекнаа за време на десет годишната посветеност во Авганистан , а тие едноставно се поклопуваат со заклучоците кои официјалните политички претставници на земјите членки на НАТО, но и експертите ги втемелија во Новиот стратешки концепт од ноември 2010та година. Министерот за одбрана смета дека споделување на корисните искуства или т.н. best practices, издржаните опсервации, идентификуваните или научени лекции, би биле од непроценливо значење за градењето на сопствени одбранбени капацитети, а во конкретниот контекст и планирањето на нашето идно учество во експедициони мисии. Според министерот Бесими Република Македонија како земја која сака да ја предводи регионалната соработка, смета дека таа е исклучително плодна платформа преку која можеме да придонесеме кон подобар и поквалитетен живот на народот во Авганистан. На крајот тој заклучи дека оваа конференција е одлична можност за размена на националните погледи во поглед на ангажманот по ИСАФ. Нареден говорник беше амбасадорот на САД во Република Македонија, Во својот говор тој потенцираше дека Република Македонија уште еднаш ја покажа својата посветеност. Тој исто изјави дека денес, земјите од Јадранската група преку заедничка координација и кооперација се извозници на мир. Тој исто така, допре до многу осетливи теми како што се проблемите со буџетирањето и според него кратењата во буџетот незначат и помали одговорности туку креирање на нови начини на функционирање. Понатака тој уште еднаш потведи дека САД цврсто ја подржува иницијативата како што е А5.Безбедноста не е изолирана и затоа мора да се развиваат заеднички способности со кои ќе се спротистават на безбедносните предизвици. На крајот даде многу битна забелешка во однос на цивилниот ангажман и ја потенцираше важноста на тој ангажман. Последен во оваа сесија беше г-динот Николас Вилијамс, шеф на сектор во дивизијата за операции на НАТО. Господинот Вилијамс го истакна значајниот придонес што Република Мкаедонија го дава во ИСАФ мисијата во Авганистан. За научените лекции од Авганистан, тој изјави дека може да се имплементира и на глобално ниво. Во врска со случувањата по 2014 и идното вклучување, тој објасни дека природата и контекстот на мисисјата во Авганистан ќе се промени , но целта останува иста:НАТО и партнерите ќе останат таму со цел Авганистан да биде посигурно и постабилно место и да обезбедат услови кои ќе не осигураат дека таму нема повеќе да има закани од тероризам. На крајот тој заклучи дека конференцијата е есенцијална и многу потребна.
На вториот панел во денот , истражувачкиот тим на Евро-Атлантскиот Совет на Макдонија ги презентираше своите резултати. Беа презентирани А5 земјите:Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска ,Црна Гора, Македонија а исто така имаше и презентација за Србија како земја набљудувач на А5. На почетокот координаторот на проектот, г-дин Илија Џугуманов ја објасни суштината на истажувањето и како истото се одвиваше. По тоа беше прикажано кратко видео за завршената работа за време на истражувањето. Делот со прашањата и одговорите ја заклучи оваа сесија.
Последниот панела од денот беше за регионалните аспекти. Оваа сесија беше модерирана од потпретседателот на ЕАСМ, г-дин Владимир Ѓорчев.На оваа сесија учесници беа :
Г-ѓа Аслани во нејзиното излагање не запозна со пристапот на Албанија во ИСАФ од нивните почетоци и како тие учествувале во мисијата.По тоа таа ги презентираше научените лекции на мировниците со кои Албанија учествувала таму. По тоа таа даде можни препораки за идни акции од регионален контекст.
По презентацијата г-ѓа Аслани, следен говорник беше пол. Синиша Остојиќ од министерството за одбрана на Босна и Херцеговина. На ист начин и по ист редослед како и излагањето на г-ѓа Аслани. Тој говореше за Босанската партиципација и искуствата во ИСАФ мисијата.По тоа тој продолжи со научените лекции и со нивните искуства од војната во Босна и Херцеговина. Според пол. Остојиќ, Босна и Херцеговина има многу што да понуди во идниот придонес по 2014. Тој заклучи дека ваков тип на конференции се потребни. Последен говор за денот беше од бг. Невен Крањчец од хрватското министерство за одбрана. Бг. Крањчец го искажа своето задоволство од конференцијата и ја истакна нејзината важност. Во неговиот говор тој ги сподели хрватските искуства и научените лекции научени во минатото. Тој ги подвлече хрватските способности за вклучување во идни експидициони мисии. Исто така даде и препораки со однос на реионалното пост ИСАФ вклучување. Успешниот ден заврши со заклучок на директорот на проектот, др.Методи Хаџи Јанев.
|