Регионалната конференција успешно заврши. Пост ИСАФ ангажманот влегува во финална фаза Shtyp
E enjte, 13 Dhetor 2012 20:41

Регионалната конференција со наслов “Регионален Пост – ИСАФ ангажман – научени лекции и наследство за А- 5 земјите за идните експедициони мисии“  беше успешно затворена на 13.12 2012 година (четврток).




Оваа регионална конференција беше втората фаза од проектот.

Инспиративната тема собра на едно место официјални лица од НАТО, владини претставници, претставници од неладиниот сектор , истражувачи, академци и претставници на тинк тенк заедницата, каде беа продискутирани идеите и погледите за темата како и прашања поврзани со истата.

На конференцијата имаше учесници од НАТО, Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Србија. Поради временските неприлики претставникот од Црна Гора не беше во можност  да присуствува, но тие го дадоа својот допринос преку својот труд подготвен за учество на конференцијата.

Настанот беше отворен од Н.Е. Фатмир Бесими, министер за одбрана на Република Македонија, г-дин Николас Вилијамс, раководител на оделението со операции во НАТО и Н.Е. Пол Д. Волерс, амбасадор на Соединетите Американски Држави во Република Македонија.
По тоа, истражувачкиот тим на Евро-Атлантскиот Совет на Македонија ги презентираше своите резултати од извршените истражувања.

Овие факти беа темелот на целата конференција.
Регионалните аспекти беа презентирани од г-ѓа Ратела Аслани од Албанија, пол. Синиша Остојиќ од Босна и Херцеговина и бг. Невен Крањец од Хрватска.

Вториот ден се одржаа презентации на шефот на НАТО канцеларијата во Република Македонија, пол. Александар Александров, продеканот на воената академија “Генерал Михајло Аостолски”, пол Славко Ангелевски, др. Јадранка Дујич Фрлан од Атлантскиот Совет на Хрватска, г-дин Борис Вицулин од Атлантскиот Совет на Србија и потполковникот Маријанчо Митровски од АРМ.



Генералното мислење од учесниците и јавноста е многу позитивно, со оглед на тоа дека на конференцијата се постигнаа успешни соработки и се одржаа богати дебати.