Конкурс за избор на најдобар есеј на тема „ИНТЕГРАЦИЈАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО НАТО И НОВИТЕ БЕЗБЕДНОСНИ ПРЕДИЗВИЦИ“ Shtyp
E hanë, 03 Dhetor 2012 13:22

Министерството за одбрана и 
Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје
во коорганизација со високо образовните институции во земјата 
и со Евроатланскиот Совет на Македонија

објавуваат

КОНКУРС
за избор на најдобар есеј на тема
„Интеграцијата на Република Македонија во НАТО и новите
безбедносни предизвици“

кој заедно со уште девет прворангирани есеи ќе бидат презентирани на

Студентската Конференција која ќе се одржи од 18 до 19 декември 2012 година во Домот на Армијата на Република Македонија под покровителство на 
Министерот за одбрана на Република Македонија д-р Фатмир Бесими


Краен рок за аплицирање (доставување на есеите): 13 декември, 2012 г.

Критериуми за аплицирање:

-да бидат на студенти на прв, втор или трет циклус на студии на еден од Универзитетите во Република Македонија, или во странство;

Избор и селекција на есеите:

Есеите ќе ги селектира комисија составена од професори од факултетите во Република Македонија. Кандидатите со пријавувањето на конкурсот се откажуваат од своите авторски права и се согласуваат нивниот есеј, доколку влезе во групата на најдобрите, да биде објавен во публикација по завршувањето на конкурсот, или во списанијата на Министерството за одбрана.

Начин на пријавување:

Есеите треба да бидат отпечатени на хартија (формат А4) во 3 примероци со фонт “Times New Roman”, големина 12, проред единечен. Есеите мора да имаат не помалку од 4 и не повеќе од 7 страни (формат А-4) изработени во MSWord со маргини: лeво 3 cm, горе-3 cm, долу-3 cm и десно-3 cm. Воведот и заклучокот не треба да бидат нагласени посебно како „вовед“ и „заклучок“. Во текот на пишувањето не смее да има точки и потточки на есејот. Се препорачува мислите да бидат јасни и прецизни.

Покрај есејот секој кандидат треба да достави:

1. Кратка биографија со свои контакт информации (адреса, телефон, електронска пошта);
2. Фотографија и копија од индекс со негова фотографија.

Есеите заедно со другите документи треба да бидат доставени на следната емаил адреса: Ky email po mbrohet prej spambots-ave, të duhet JavaScript me e pa

Важни датуми:

Краен рок за доставување на есеите: 13 декември 2012 година

Извесување за најдобрите десет есеја: 15 декември 2012 година

Прогласување на најдобар есеј: 17-18 декември 2012 година

Опис на Проектот и Студентската Конференција

Проектот има за цел:

- да ги поттикне младите истражувачи и студенти од земјата да истражуваат, следат, размислуваат, дебатираат, но и да понудат свежи идеи на теми поврзани со: динамиката и процесот на Македонското зачленување во НАТО, зголемување на придонесот на Македонија до зачленувањето, но и по зачленувањето во НАТО,

- преку практична симулација на функционирањето на клучните тела на Алијансата (студентите кои ќе земат учество ќе бидат поставени во соодветни политички и воени улоги идентични со улогите преку кои функционира НАТО) младите студенти да можат да ја почуствуваат динамиката и притисокот во процеот на донеување на политички и воени одлуки за значајни прашања во услови на современи предизвици како и

- преку директен разговор со Министерот за одбрана да ги прошират своите знаења за интеграцијата во НАТО со споделување на практични искуства, да ја доловат одговорноста на професијата Министер за одбрана, но и да ги разберат предизвиците со кои оваа институција се соочува.

Реализација на проектот:

Проектот ќе се реализиа во два дела преку дводневна студентска конференција во период од 18 до 19 декември. Првиот ден на конференцијата ќе бидат презентирани најдобрите десет есеја (избрани од комисија опишана погоре), а потоа студентите-учесници, во различни улоги ќе симулираат заседавање на Северноатланската Алијанса преку донесување на одлука по однапред утврдено сценарио. Вториот ден на конференцијата ќе биде официјалното прогласување на најдобриот есеј, од страна на Министерот за одбрана, и ден за отворена дебата на студентите со министерот за одбрана на Република Македонија.

МИНИСТЕРСТВО ЗА ОДБРАНА 
РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ЕВРО-АТЛАНТСКИ СОВЕТ
НА МАКЕДОНИА