Делегација од ЕАСМ на конференција во Блед, Словенија Shtyp
E premte, 28 Shtator 2012 13:50

Делегацијата на Евро – Атлантски Совет на Македонија предводена од поптретседателот на Евро – Атлантски Совет на Македонија, г-дин Исмет Рамадани и останатите членови, г-дин Илија Џугуманов, претседателот на YATA Македонија и г-дин Јордан Тасев, генералниот секретар на YATA Македонија учествуваа на Конференцијата за Партнерски полиси и Smart Defence во контекст на новиот НАТО стратегиски концепт.



Конференцијата се одржа од 25 до 27 септември 2012 година во словенечкиот тренинг центар Пољче, близу Блед, Република Словенија и беше организирана од RACVIAC – Центарот за безбедносна соработка, министерството за одбрана на Република Словеднија и НАТО секторот за јавна дипломатија.

Целта на овој настан беше да се унапредат и поддржат партнерството и Smart Defence со поттикнување на учесниците да дискутираат, споделат и разменат информации и најдобри практики:

а) да презентираат заклучоци од последниот НАТО самит одржан во Чикаго со фокус на Smart Defence и партнерските политики како важни пораки за државите членки и аспиранти

б) Да ги испита регионалните проспекти на НАТО партнерството и да ги информира ЈИЕ државите за придонесот на ЈИЕ во НАТО операциите и неговото влијание во претпристапната фаза и кон полноправно членство во НАТО

в) Да го промовира бараното подлабоко и пошироко партнерство за постигнувањето на целите со цел да се изгради способност низ мултинационални и иновативни пристапи  со цел да се зајакнат НАТО релациите со партнерите

г) Да се презентира Smart Defence концептот и предизвиците во аутсорсинг

д) Да ја презентира неопходноста за соработка во одбраната и безбедносниот сектор во ЈИЕ и над неа со цел да се развиат способности со цел на подобрување и максимизирање на ефикасноста и ефективноста

ѓ) Да ги презентираат националните презентации и информации на постојните и идните заеднички проекти на ЈИЕ регионот (пр. Балкански регионален пристап кон Воздушна одбрана – BRAAD, регионален тренинг центар итн.)

На оваа конференција учество земаа преку 35 претставници од седум држави: Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Македонија, Црна Гора, Србија и Словенија и претставници од RACVIAC. Имаше претставници од националните министерства за одбрана, академски професори и невладниот сектор.