| Краток извештај на сесија 2: „Развој на регионалните капацитети за итна помош во духот на иницијативата за паметна одбрана“ |
|
| E hanë, 16 Korrik 2012 09:34 |
|
Сесија 2: „Развој на регионалните капацитети за итна помош во духот на иницијативата за паметна одбрана“ Главната тема на втората сесија беше развојот на националните способности за итна помош во духот на иницијативата за паметна одбрана. Модератор на сесијата беше г-дин Фатош Џенго, одговорен за основање и управување со програмата за подготвеноста за реагирање на катастрофи, Црвен крст, Албанија. По краткиот вовед, тој ја претстави темата и говорниците. Првите спикери на сесијата беа:
Првиот панелист беше г-дин Еверт Сомер. Тој започна со сеопфатниот пристап. Во неговиот говор спомена многу клучни точки како што се националната одговорност и паметната безбедност. Понатаму, во неговата презентација главни точки беа проценките, како и прифатливиот ризик. Како особено важни ги спомна планот, регионалната обука, ресурсите, намалувањето на ризик и заедничките способности. Сесијата продолжи со г-ѓа Милица Катиќ од Србија. Таа даде вовед за Балканскиот институт и неговата работа. Откако продолжи со дефинирањето на катастрофите и итните случаи, таа продолжи да зборува за Балканот и неговите перспективи. Зборуваше и за приоритетите со кои треба да се справи регионот, проблемите и можната соработка во духот на паметната одбрана. Овој дел продолжи со проф. Митко Стојков и неговата презентација за бугарскиот придонес кон НАТО Паметната одбрана и НАТО центар за одличност – Кризен менаџмент за реакција на природни катастрофи. На почетокот, тој го објасни минатиот развој, фокалните точки и целите на концептот на паметна одбрана. Потоа, даде три клучни точки за тоа како да се спроведува паметната одбрана: соработка, координација и комуникација. Проф. Стојков во неговата презентација ги дефинираше Центрите и нивното функционирање. Понатаму, ја објасни структурата на Центарот за кризен менаџмент за реакција на природни катастрофи и неговите оперативни платформи.
Потполковник Луан Доми го продолжи денот претставувајќи ги способностите на баталјонот за потрага и спасување на Албанија. Тој зборуваше и за основата на функционирањето, активностите, заедничката соработка и идните регионални активности. Панелисти на вториот дел беа:
Првиот спикер на вториот панел беше бригадниот генерал Абаз Леши и неговата презентација за развојот на регионалните капацитети за цивилни итни случаи претставени во иницијативата на НАТО Паметната одбрана. Тој продолжи со минатата регионална соработка и искуството од неа, како и потребата од зголемена соработка со цел да се постигне повеќе. Г-дин Александар Петровиќ и неговата презентација за развојот на регионалните капацитети за итна помош беше следен на панелот. Тој започна со процесот на носење одлуки што беше главниот фокус на неговата презентација. Како еден од клучните елементи во носењето одлуки е предвидувањето коешто тој го објасни. Клучни делови на предвидувањето се: капацитет на гео-информација и метеоролошки капацитет. Во вториот дел на неговата презентација тој го објасни функционирањето на Системот за глобално набљудување на земјата. На крајот тој заклучи дека гео и метео способностите се стратегиски точки за итна помош и регионална соработка и дека како обврски на државата, треба да бидат дискутирани од страна на Владите. Следниот панелист беше бригадниот генерал Димче Петровски. Тој зборуваше за регионалните предизвици и како тие треба да бидат предвидени, потенцијалот за регионални закани што може да го загрозат населението и насоките за развивање на способностите за реакција на регионални кризи и конфликти. По кусото објаснување на клучните теми тој заклучи дека надградувањето на регионалната соработка е потреба за сите земји во регионот и дека треба да биде процес што ќе биде непрекинат. Пред паузата за ручек говореше г-дин Самет Али. Тој даде кус извештај за минатата работа на Црвениот крст и како тие се справувале со итните ситуации во изминатите 15 години. На крајот на неговата презентација, тој пушти два филма од заедничките вежби на Црвен крст Македонија. Последни панелисти беа:
Овој дел започна со поручник Фадил Хадерѓонај од Косово. Основата на неговата презентација беше мисијата на Министерството за безбедносни сили на Косово и косовските безбедносни сили. По неговата кратка презентација на мисијата тој продолжи со структурите на Министерството и силите. Потоа, во неговата презентација ги прикажа постигнувањата и операциите на Министерството и силите, а како главно постигнување беше исполнувањето на препораките за целосни оперативни способности од командирот на КФОР. Потоа, следна точка на презентацијата беше билатералната соработка на Косово во ова поле. На крајот, тој се фокусираше на предизвиците на Министерството и силите, приоритетите за периодот 2012-2014 и идната потреба за обука. Следен спикер беше г-дин Љупчо Петроски од Македонија. Тој ги претстави способностите за заштита и спасување на Република Македонија. Како една од главните референци во неговата презентација беа дадени законските основи и нормативата на работата на дирекцијата за заштита и спасување на Република Македонија. Потоа, продолжи со способностите и ресурсите на дирекцијата и целите кои ги постигнале во нивното поле на работа. Потоа, следуваше заедничката соработка и заедничките вежби кои Директоратот за заштита и спасување ги правеле во минатото со другите земји од регионот. На крајот тој заврши со идниот развој на работата на Директоратот за заштита и спасување и потребата за зголемена регионална соработка, зголемена регионална обука и заеднички вежби.
Последен спикер на панелот беше г-дин Кајл Кинг од седиштето на КФОР. Тој започна со главните прашања за регионот како што се стандардизацијата и интероперабилноста. Како многу важен дел за функционирањето на системите се опремата и обуката, тој накусо го објасни сето тоа во својата презентација. Потоа, г. Кинг многу јасно потенцираше дека законските импликации и должности да се грижат/дејствуваат и законските грижи за одговорност се едни од клучните делови за системите во регионот. Кон крајот на неговата презентација тој се посвети на урамнотежувањето на регионалните и меѓународни барања преку ЕАДРЦЦ (EADRCC), методите за надомест на трошоците и многу важниот статус на Договорите за сили (SOFA). Вториот ден беше успешен како и првиот. На оваа тема имаше повеќе предлози и поважни точки за регионалната соработка кои требаше да се потенцираат. Не само што беше потврдена заедничката визија, туку имаше и силен повик за проактивен заеднички пристап, заеднички обуки, вежби и мисии. |