Регионална конференција “Цели на Резолуција на ОН 1325 – Степен на остварливост” 14.02.2012 Shtyp
There are no translations available.

Во насока на важноста на имплементацијата на резолуцијата UNSCR 1325 и глобалната дебата за родовата димензија и безбедноста, Евро – Атлантскиот Совет на Македонија (ЕАСМ) се приклучи на глобалната дискусија за важноста на имплементацијата на UNSCR 1325 и мерките за ефективно спроведување.

 

Во втората половина на 2011 година, ЕАСМ работеше на проект на имплементацијата на оваа важна резолуција во Македонија, во НАТО и ООН рамки и исто така со некои земји од регионот како Албанија, Босна и Херцеговина и Бугарија. Крајниот резултат на проектот и на истражувањето треба да биде извештај со проценка на комплетираните напори и препораки за идни акции. Извештајот треба да служи како алатка за да се подигне свеста за важноста на овој процес.

ЕАСМ во соработка со НАТО секторот за јавна дипломатија и амбасадата на Кралството Норвешка организира еднодневна регионална конференција каде финалните заклучоци и препораки ќе бидат презентирани.

Конференцијата ќе биде одржана на 14.02.2012 вo хотел Stone Bridge во Скопје, насловена како Цели на Резолуција на ОН 1325 – Степен на остварливост.

ПРОГРАМА

UNSCR 1325 цели- степен на достигнување

14 февруари 2012 година, Хотел Стоунбриџ, Скопје

09.30 – 10.00

Пристигнување на учесниците и регистрација

10.00 – 11.15

Официјално отворање на конференцијата

Поздравен говор:

  • Г-дин Лазар Еленовски, Претседател на Евро- Атлантскиот Совет на Македонија
  • Н.Е. Кјатил Паулсен, Амбасадор на Кралството Норвешка

Главен говор:

  • Др. Стефани Бабст, Заменик на помошник Генерален сектетар за јавна дипломатија, НАТО

Говори:

  • Г-ѓа Августина Цветкова, Заменик министер за одбрана на Република Бугарија

11.15 – 11.30

Кафе пауза

11.30 – 12.30

Втора сесија: Регионален аспект на UNSCR 1325

Модератор: Г-ѓа Даниела Димитриевска, Mакедонско женско лоби, член на претседателство на ЕАСМ

  • Г-ѓа Ратела Аслани, Атлантски Совет на Албанија

  • Г-ѓа Анкица Томич, Шеф на оддел за интернационална соработка, Министерство за безбедност, БиХ

12.30 - 13.00

Кафе пауза

13.00 – 14.00

Трета сесија: UNSCR1325 во национален контекст

  • Г-дин Исмет Рамадани, Потпретседател на ЕАСМ

  • Г-ѓа Елена Грозданова, Државен советник во секторот за родова рамноправност, Министерството за труд и социјална политика

  • Г-ѓа Доминика Стојаноска, Шеф на канцеларија, UN Women

  • Капетан Елисавета Здравеска, претставник од АРМ, Министерство за одбрана