Апел за помош Shtyp
E hanë, 16 Janar 2012 13:54
There are no translations available.

Кирил Јованов има 8 години и му е дијагностициран T lymhoblastic lymphoma. Early relaps testicularis et medularis – рак на лимфните јазли.


Од февруари 2011 година, кога и му е дијагностицирана болеста, се лекува на Детската клиника во Скопје.

Поради неможност третманот да се продолжи во земјата, со оглед на тоа дека се исцрпени сите можности со одлука на конзилиум од доктори детето е упатено на операција надвор од земјата за трансплантација на коскена срцевина.
Случајот се води како витално загрижувачки со потреба за итна интервенција која би се направила од сроден донатор.
За операцијата се потребни огромни средства кои семејството на Кирил не може да ги обезбеди со цел да му го продолжи животот.
Ги молиме сите хумани луѓе кои се во можност да донираат средства во зависност од нивната волја и можности.

Жиро сметка за донации: 530 5000 151 63 288 – Охридска банка

Телефони за донации:
T-mobile: 070 143 191
ONE: 075 143 550
VIP: 077 143 775