Изјава на Генералниот Секретар на НАТО за ракетната одбрана Shtyp
E enjte, 24 Nandor 2011 16:50
There are no translations available.

Ја зедов предвид изјавата на претседателот Медведев за ракетната одбрана. Ракетниот одбранбен систем на НАТО, кој лидерите на НАТО државите за време на минатогодишниот Лисабонски самит се согласија да го развиваат, е дизајниран за одбрана од закани кои доаѓаат надвро од Европа и не е дизајниран да ја промени рамнотежата во системот на одвраќање.

Добредојдена е војлата на Претседателот Медведев да не се затвори вратата на контиуираниот дијалог со НАТО и со САД за ракетната одбрана и да се разгледа практична соработка во оваа област. Минатата година, лидерите на НАТО државите одлучија да ја поканат Русија за да ја дискутираат можноста за соработка со нас и да се развива НАТО – Русија релацијата во стратегиско партнерство. Таа покана сеуште стои.

Сугестијата дека распоредувањето на проектили во околини кои граничат со Алијансата како соодветен одговор на НАТО системот е многу разочарувачка. Такво распоредување ќе биде потсетување на минатото и е неконзитентост со стратешките релации кои НАТО и Русија ги договорија и со духот на дијалогот, вклучувајќи ги проблемите со ракетната одбрана кои моментално постојат.

Сорабтка на ракетната одбрана јасно ќе покаже дека НАТО и Русија можат да градат безбедност заедно, а не едни против други. Тоа ќе ни дозволи да се справиме со новите закани и со старите сомневања во исто време. Ќе покаже дека соработка, не конфронтација е патот напред.