ЕАСМ на работен состанок со НАТО амбасадорите во Македонија Shtyp
E mërkurë, 09 Mars 2011 16:19
There are no translations available.

Претседателот на Евро-Атлантски Совет на Македонија Лазар Еленовски и потпретседателот Исмет Рамадани на 9 март 2011 година имаа работен состанок со НАТО Амбасадорите во земјата, кој беше организиран од страна на актуелната НАТО контакт амбасада на Кралството Холандија во Република Македонија.


На средбата Еленовски ги информираше НАТО амбасадорите во земјата за актуелната ситуација во поглед на НАТО интеграцијата на земјата и ги изнесе ставовите и анализите на ЕАСМ во поглед на предизвиците по ова прашање.

Претседателот на ЕАСМ ги информираше амбасадорите за Годишната програма на ЕАСМ за 2011 година, поточно за иницијативите и активностите на национално и меѓународно ниво кои Евро-Атлантскиот Совет на Македонија има за цел да ги спроведе во 2011 година а кои се однесуваат на прашањата за имплементацијата на атлантските вредности во македонското општество, имплементација на НАТО Стратешкиот Концепт 2010, развој на капацитети на организацијата, имплементацијата на Резолуцијата 1325 на ОН за родовата политика, Европскиот одбранбен идентитет, регионалната соработка и други прашања од областа на безбедноста и меѓународните односи.