Средби на ЕАСМ со дипломатските претставништва во земјата Shtyp
E premte, 18 Shkurt 2011 14:54
There are no translations available.

Како продолжение на успешната долгогодишна соработка на ЕАСМ со дипломатските претставништва во земјава, извршната канцеларија на ЕАСМ оствари средби со повеќе клучни амбасадори во земјава во полето на прашањата на евро-атлантските интеграции.



Со амбасадорот на Република Унгарија во Македонија Н.Е. Ференц Кекеши, која е актуелен претседавач со ЕУ претседателството ЕАСМ имаше средба на 4 февруари 2011 година.

На 15 февруари 2011 година беше остварена средба со Н.Е. Кетил Паулсен, амбасадор на Кралството Норвешка во Република Македонија, а на 16 февруари 2011 година беше остварена средба со Н..Е. Симон Филипини, Амбасадор на Кралството Холандија во Република Македонија и актуелна НАТО контакт амбасада за Република Македонија.

На средбите се разговараше за процесот на интегрирање на Република Македонија во ЕУ и НАТО и клучните теми поврзани со овие прашања, како што се реформата на безбедносниот сектор, имплементацијата на Рамковниот договор, актуелните прашања во НАТО кои произлегоа со донесувањето на Стратешкиот Концепт донесен на Самитот во Лисабон и идниот тек на движењето на Алијансата.

Со оглед на успешното партнерство во минатото, на средбите се разговараше и за иницијативи во идниот период кои ЕАСМ би ги реализира во соработка со дипломатските претставништва во земјава.