| Делегација на Евро-Атлантскиот Совет на Македонија на Rose-Roth Семинарот во Скопје |
|
| E hanë, 18 Tetor 2010 14:24 |
|
There are no translations available.
Семинарот е со наслов „Југоисточна Европа: креирајќи го новиот моментум“, на кој ќе присуствуваат околу 140 учесници вклучувајќи и 48 членови на парламентот на НАТО и земјите партнери на НАТО, владини претставници, еминентни експерти, меѓународни организации и академици. На семинарот ќе се дискутира на повеќе теми меѓу кои и за искуството на Република Македонија во спречувањето конфликти и градењето на мултиетничка држава.
Семинарот ќе ги опфати и прашањата за реформите на Западен Балкан и улогата на НАТО во овој регион по Лисабонскиот Самит. За очекувањата и перспективите ќе зборуваат еминентни експерти. Целта на семинарот е да се дискутира дали динамиката во регионот е доволна за да овозможи новиот позитивен моментум да се интегрира во домашните реформи. |