|
Среда, 21 Јуни 2017 13:15 |
|
Евро-Атлантскиот Совет на Македонија продолжува со средбите со првите луѓе на институциите во Република Македонија со цел претставување на својата работа и агенда во духот на Евро-Атлантските интеграции и изнаоѓање на идни платформи за продлабочување на соработката.

На 21.06.2017 година, делегацијата која ја сочинуваа г-дин Исмет Рамадани, Претседател на ЕАСМ, г-дин Илија Џугуманов, член на Претседателството на АТА Македонија и г-дин Нухи Алиу, член на Бизнис Клубот на ЕАСМ овојпат оствари средба со министерот за Одбрана на Република Македонија, г-ѓа Радмила Шеќеринска.
На средбата беше дискутирано за интензивирање на досегашната соработката со Министерството за Одбрана, организирање на идни заеднички активности како и за настаните кои ќе бидат организирани по повод 20 годишнината од функционирањето на АТА Македонија.

|