YATA Македонија во посета на Брисел Печати
Вторник, 15 Декември 2015 13:23

На покана од Секторот за јавна дипломатија на НАТО, во периодот од 9 до 12 декември, делегација на YATA Македонија предводена од претседателот, г-дин Илија Џугуманов го посети седиштето на НАТО во Брисел и на Врховниот Централен Штаб на сојузничките сили на Европа во Монс, Белгија.

1

Во седиштето на НАТО, македонската делегација присуствуваше на сесии и брифинзи со високи претставници на НАТО на различни теми. После секоја од сесиите учесниците имаа можност да поставуваат прашања и да разговараат за актуелни теми поврзани со безбедноста и одбраната на НАТО.

Учесниците прво беа запознаени со тековни агенда на НАТО од страна на г-ѓа Barbora Maronkova, Програмски Директор за Балканот од Секторот за јавна дипломатија при НАТО.

2

Втората брифинг сесија се однесуваше на односите на НАТО со Русија и Украина и беше одржана од страна на г-ѓа Gwendoline Vamos-Ancellin, Заменик Шеф во Одделот за односите со Русија и Украина при НАТО. Дискусијата се фокусираше главно на тековната позиција и акциите на НАТО во однос на развојот на партнерството и соработката со Русија. Современите безбедносни закани и предизвици беа адресирани од страна на д-р Detlef Puhl, Виш Советник за комуникации од Одделот за новите безбедносни предизвици. Тој дискутираше за актуелните безбедносни предизвици, како што се појавата на тероризмот, сајбер безбедноста, енергетската безбедност и пролиферацијата на оружје за масовно уништување, како и тековните политики на НАТО за нивно спречување.

3

Една од најинтересните теми за учесниците беше презентацијата на тема: "Online and On-the-Air: Дигитални односи со јавност на НАТО" одржана од страна на г-дин Steve Mehringer, раководител на Секторот за комуникациски услуги. Учесниците се запознаа со начините за користење на социјалните медиуми од страна на НАТО со цел да ја промовираат својата мрежа и да ги прошират своите вредности.


Последната брифинг сесија беше презентирана од страна на г-дин Thomas Strickland од Одделот за сајбер одбрана која беше концентрирана на безбедносните предизвици во доменот на сајбер безбедноста.

Младите на атлантисти имаа чест да ја посетат македонската делегација во НАТО и да разговараат за најновите случувања во врска со македонскиот пат кон НАТО лично со Н.Е. Зоран Дабиќ, македонскиот амбасадор во НАТО.

4

Како втор дел од посетата, македонската делегација го посети седиштето на SHAPE (Врховниот централен штаб на сојузничките сили во Европа) во градот Монс, Белгија.
Учесниците присуствуваа на две сесии. Во текот на првата сесија им беа презентирани организацијата и задачите на SHAPE, а подоцна тие имаа средба со актуелниот национален претставник во SHAPE потполковник Кузмановски.

5

Делегацијата на YATA Македонија беше составена од:

1. Г-дин Илија Џугуманов
2. Г-дин Христијан Конески
3. Г-ца Дина Арнаут
4. Г-ца Мимоза Муслиу
5. Г-ца Марија Јанкулоска
6. Г-ца Ема Цигуљин